fbpx
21.8 C
Skopje

Трамп: Шефот на ФБИ е најдоброто што и се случило на Хилари Клинтон

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги критикуваше коментарите на неговата противкандидатка на претседателските избори Хилари Клинтон, која изјавила дека за нејзиниот изборен пораз се виновни ФБИ, Русија и омразата кон жените, но и самата таа.

Трамп на Твитер напишал дека директорот на ФБИ, Џими Коми е „најдоброто нешто што и се случило на Хилари Клинтон, бидејќи и дал слободен премин за многу лоши дела“.

Тој, исто така, истакна дека „лажната приказна за Трамп и Русија демократите ја користеле како оправдување за изборниот пораз“.

Хилари Клинтон вчера, на годишниот собир посветен на жените во Њујорк, изјави дека презема одговорност за неуспехот на претседателските избори минатата година, но изрази уверување дека во тоа одиграле улога и спорните одлуки на ФБИ, мешањето на Русија и омразата кон жените.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -