fbpx
17.8 C
Skopje

Трамп со најлош рејтинг за претседател во првите шест месеци од мандатот во изминатите 70 години

АКТУЕЛНО

Американските граѓани на американскиот претседател Доналд Трамп му доделија најлош рејтинг за првите шест месеци од мандатот, кој го имал досега претседател на САД во изминатите 70 години, јави Еј-Би-Си њуз, повикувајќи се на заедничка анкета, работена со весникот „Вашингтон пост“.

Во анкетата се најдоа прашања за компетентноста на Трамп на светската сцена, неговата ефективност, републиканскиот план за здравствена заштита и улогата на Русија на американските претседателски избори во 2016 година.

Триесет и шест отсто од Американците во анкетата изјавија дека ја поддржуваат работата на Трамп, што е за десет отсто помалку од процентите, кои ги доби во првите 100 дена во Белата куќа.

Најблизок на Трамп по ниското ниво на рејтинг по половина година на власт беше во февруари 1975 година претседателот Џералд Форд со 39 отсто поддршка.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -