19 C
Skopje

Треба ли и ние да се соблечеме за да бидеме забележани?!

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Понеделнички, тие што ќе одат да плаќаат рата од кредит можат да се соблечат по гаќи… јавноста треба да има разбирање, сепак секој што е должен има право да биде исплашен и депресиран. Има право на својата инекција за смирување.

Среќен карантински викенд драги мои.

Уште еден, ама овој пат без паузи за луѓето од Скопје, Куманово, Штип и Тетово.

Ќе ни дојде ли паметот? Не верувам.

Денеска дедо Агатангел ги повика мирјаните од неговата Повардарска епархија да повелат во црковните дворови, а Филипче веднаш го повика владиката да си го повлече повикот. Таков повик немаше за челниците на исламската верска заедница, за нив имаше и мала пауза во минатиот карантински викенд.

Леле, ете го двојниот аршин, сеа што праеме?

Сега драги мои се насладуваме на најновата епизода од серијалот „Сидрото нѐ влече напред“.

Катица наместо да се претвори во македонската Лаура Ќовеши се претвори во плус сајз верзијата на познатата македонска стриптизета Волчица. Така и кажале прај се луда, отиде возот.

Речиси цел СДСМ е во самоизолација, ама и покрај тоа им се брза за избори. Им се брза оти коронаефектот врз и така слабата македонска економија, кај и да е за некој месец ќе ни почука на врата. И во Белата шампита се плашат од тој ефект, затоа и глумат загриженост за здравјето на граѓаните. Имаа доволно време цели 11 години да го подобрат македонското здравство, но не го направија. Другите пак, што ветуваа 100 илјади плата за докторите не се поразлични.

Ја држеле ситуацијата под контрола… денеска имавме најголем број нови случаи на Ковид-19 и додека останатите земји на Балканот, една по една веќе се подготвуваат за вториот бран на вирусот, ние „шампионски“, веќе го живееме.

Ќе седиме сеа три дена во „куќен притвор“ и ќе ги читаме глупите шали на разноразни зевзеци дека требало Фатиме да се соблече во Заводот за ревизија…

Требаше ли?

Требаше ли Мицкоски да се курчи со ручек во затворен дел на кафеана?

Треба ли сега да чекаме нова аудио бомба?

Требаше ли градоначалникот на Штип Благој Бочварски да чека дури досега за да се прекине со издавањето на работни дозволи за време на полицискиот час за вработените во текстилната и кожарската индустрии во градот?

Требаше ли, дури и короната да се исполитизира?

Треба ли да ги подигнуваме платежните картички од по 150 евра наменети за македонски производи, знаејќи дека утре ќе се разбудиме со уште поголем долг?

Целиот текст прочитајте го на Трибуна.мк ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -