fbpx
37.8 C
Skopje

Третиот најскап “крал“ од Мадрид договори ТРАНСФЕР: Оштета 70 милиони евра

АКТУЕЛНО

Летото 2014 година, дојде во Реал како еден од најдобрите играчи на СП и платен 80 милиони евра, со што стана најскапиот играч во кралскиот тим.

Реал повеќе плати само за Герет Бејл (100 милиони евра) и Киристијано Роналдо (94).

Три години подоцна Хамес Родригез заминува како „трета замена“. Иако се чинеше дека тој ќе пристигне на Олд Трафорд, шпанските и француските медиуми јавуваат дека играчот и неговиот застапник, Хорхе Мендес, се договориле со ПСЖ,за понуда од 10 милиони евра по сезона.

ПСЖ во последните неколку недели безуспешно ловеше ѕвезди. Серхио Агуеро, Алексис Санчез Мбаппе беа негови желби, без успешна реализација.

Потписот на Хамес конечно може да ја оствари и комплетира фантастичната тројка за напаѓачите: Ди Мариа, Родригез – Дракслер

Она што остана да се договорат клубовите е оштетата за Хамес. Реал за Хамес, кој е платен многу скапо а зад себе има само 25 години, бара 70 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -