11.1 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Самохрана мајка послужила богата старица, а потоа следуваше изненадување поради кое искрено се расплака (ВИДЕО)

Радио станицата KDEC FM 100.5 неочекувано се појавила во Мек Доналдс во Америка каде што ги интервјуирале вработените. Радио водителот исто така прашал една...

Важна информација од МВР: Полиција ќе ви доаѓа дома и ќе ви ги носи личните карти и вашите возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и возачки дозволи се веќе...

Самоизолацијата ја продолжија на 28 дена, а полицискиот час уште поригорозен од сега: Соседот Србија со нови мерки во борбата против коронавирусот

Сите мерки за самоизолација се продолжени од 14 на 28 дена, а за викендите забраната за движење е од 15 часот, одлучено е на...

Грција со честитка за приемот во НАТО

Министерството за надворешни работи на Грција упати честитки за нашето членство во НАТО. „Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како...

Најдобра влада за потпишување трговски договори е владата на Љубчо Георгиевски – на СДСМ најлоша

Во период од безмалку три години, владата предводена од СДСМ не успеала да склучи ниту еден трговски договор, што ја рангира на дното на листата на која се рангирани сите досегашни влади на Македонија, покажува анализата на м-р Филип Ивановски од идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК.

Според последните податоци на Министерството за економија и Министерството за финансии, бројот на потпишани меѓународни договори за трговија бележи драстично намалување за време на мандатот на сегашната влада предводена од СДСМ. Овој негативен тренд се должи на фактот што сегашната влада не потпишала ниеден трговски договор за време на својот досегашен мандат.

Како резултат на ова, во периодот мај 2017 – ноември 2019 година, во однос на предходните две и пол години, бројот на склучени трговски договори помеѓу Македонија и други земји е намален за максимални 100 отсто.

За споредба, во предходниот двеипол годишен период од ноември 2014 до април 2017 година, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ склучила точно шест вакви договори.

Слика: склучените договори во последните 2,5 години од владеењето на центар-десно владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ. Потпишани трговски договори со: Израел, Данска, Србија, Емирати, Саудиска Арабија и Виетнам.

Според истражувањето, резултатите на сегашната влада на СДСМ се најлоши од осамостојувањето на Македонија. Подобри резултати сме имале дури и во првите две и пол години од нашата независност, односно во периодот јануари 1991– јуни 1993година, кога тогашниот државен врв успеал да потпише два трговски договори, од кои еден со Словенија во февруари 1992 и еден со Русија во мај 1993година.

– Идната влада да не ги повтори грешките на сегашната влада и да работи на склучување на нови трговски договори со земји од Европа и светот. На овој начин ќе обезбедиме поголема побарувачка за македонските производи во странство, поефтини странски производи во Македонија и повеќе инвестиции, вели авторот на анализата Филип Ивановски, кој има магистрирано на Универзитетот во Торонто.

Вкупно гледано, најголем број на трговски договори биле потпишани во времето на предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, односно во периодот од 2006 до 2017 година, кога тогашната власт потпишала рекордни 45 вакви договори. Најдобар резултат сепак има владата на Љубчо Георгиевски, која во периодот 1998–2002 година, во просек склучила по 8 трговски договори на година што е многу повеќе од која било друга македонска влада досега.

За неупатените, трговски договор е спогодба која ја унапредува трговијата помеѓу две или повеќе земји, односно ја олеснува меѓународната размена на стоки, услуги и капитал.

–Причината поради која трговските договори се толку чести во меѓународните односи насекаде низ светот е тоашто тие создаваат поволна бизнис клима и пред сѐ услови за инвеститорите и друштвата за трговија да можат поедноставно и побезбедно да ја вршат својата дејност, потенцираше Ивановски.

Праксата познава повеќе видови на трговски договори, притоа скоро и да нема држава во светот што не склучила ваков договор.

–Несфатливо е како може на пример едно Косово, чија независност сѐ уште е оспорувана, да има потпишано трговски договор со Канада, а Македонија да нема иако таму живеат околу 100.000 Македонци. Долга е листата на вакви нелогичности кои за жал се дел од нашата политичка реалност, изјави за крај авторот на анализата.

Останува да се види дали сегашната владеачка гарнитура ќе успее да склучи барем еден трговски договор во преостанатите три месеци од најзиниот мандат.

Рангирањето е направено врз основа на четири индикатори:

  • Број на склучени Договори за слободна трговија;
  • Број на склучени Договори за трговска и економска соработка;
  • Број на склучени Договори за поттикнување ивзаемна заштита на инвестициите;
  • Број на склучени Договори за избегнување на двојно оданочување.

 

  1. Вкупен број на склучени договори:

СДСМ (1990-1998): 35

ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002): 34

СДСМ (2002-2006): 5

ВМРО-ДПМНЕ (2006-2017): 45

СДСМ (2017-2020): 0

 

  1. Просек на склучени договори годишно:

СДСМ (1990-1998): 4.3

ВМРО-ДПМНЕ (1998-2002): 8.2

СДСМ (2002-2006): 1.2

ВМРО-ДПМНЕ (2006-2017): 4.2

СДСМ (2017-2020): 0

  • Земји со кои Македонија има склучено трговски договор:

Албанија, Азербејџан, Бугарија, Белорусија, БИХ, Велика Британија, Виетнам, ЕУ (27 Земји), Египет, ЕФТА (Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд), Иран, Индија, Израел, Казахстан, Кувајт, Кина, Катар, Косово, Мароко, Малезија, Обединети Арапски Емирати, Русија, Северна Кореа, Србија, Саудиска Арабија, Турција, Тајван, Украина, Црна Гора.

Автор на анализата: Филип Ивановски, магистар на Универзитетот во Торонто​​​​​​​ 

Latest Posts

Самохрана мајка послужила богата старица, а потоа следуваше изненадување поради кое искрено се расплака (ВИДЕО)

Радио станицата KDEC FM 100.5 неочекувано се појавила во Мек Доналдс во Америка каде што ги интервјуирале вработените. Радио водителот исто така прашал една...

Важна информација од МВР: Полиција ќе ви доаѓа дома и ќе ви ги носи личните карти и вашите возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и возачки дозволи се веќе...

Самоизолацијата ја продолжија на 28 дена, а полицискиот час уште поригорозен од сега: Соседот Србија со нови мерки во борбата против коронавирусот

Сите мерки за самоизолација се продолжени од 14 на 28 дена, а за викендите забраната за движење е од 15 часот, одлучено е на...

Грција со честитка за приемот во НАТО

Министерството за надворешни работи на Грција упати честитки за нашето членство во НАТО. „Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како...

АКТУЕЛНО

Николовски: Како членка на Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО

„Како одговорна партија целосно сме фокусирани во поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот“, изјави Љупчо Николовски, генерален...

Доктор е првиот позитивен на корона вирусот во Битола: Раскажа до детал како дознал за болеста – и упати совети што да правите

Почитувани Битолчани, мои сограѓани. Ми фрлифте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари...

Даниловски контра Жан Митрев: Не може инхалација да те спаси од корона вирусот

Деновиве јавноста имаше можност да слушне излагања на врвни доктори кои не се епидемиолози или инфектолози, а кои им препорачуваа на граѓаните меѓудругото, како...

Се огласија и од Македонски телеком за 5G мрежата – еве го нивниот став

„Македонски телеком” денеска преку соопштение ги демантираше информациите дека е активирана 5G мрежа во земјава. – Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека...

Груевски: Менаџирав многу кризи, никогаш не ја намалив платата – често ја зголемував

Македонија, НАТО и ЕУ Честитки за граѓаните на Македонија за членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори за членство во ЕУ. И...

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.