fbpx
12.8 C
Skopje

Три знаци дека ве изневерува

АКТУЕЛНО

Приватната детективка од Австралија, Хани Потер, гостувала на радио и го споделила своето искуство во „фаќање“ на прељубници.

Таа вели дека никогаш не флертува со мажите за да ги фати во неверство, туку ги тестира дали тие ќе и` се додворуваат нејзе. Таа рекла дека во повеќето случаи постои оправдана причина поради која нејзините клиенти се сомневаат во верноста на своите партнери, но имало и случаи со среќен крај.

„Некои мажи веднаш споменуваат во разговорот дека имаат сопруги и деца и гледам дека тоа никогаш не би го уништиле. За мене нема подобро чувство отколку кога ќе му се јавам на клиентот и ќе му кажам дека нема за што да се грижи.“

Потер ги открила трите најчести знаци за неверство на кои би требало да внимавате ако се сомневате во верноста на партнерот.

Мобилен телефон

Хани вели дека мобилниот телефон е првата работа на која мора да обрнете внимание, а зависно од тоа на кој начин вашиот партнер го користи телефонот, може да открие дали мати нешто.

„Големи се шансите вашиот партнер да ве изневерува ако го крие телефонот од вас, внимава да не видите што има на него и редовно ја брише содржината“, вели таа.

Лажење за тоа каде бил

Ако го фатите партнерот во лага околу тоа каде бил или каде оди често, веројатно станува збор за состаноци со љубовницата.

Претчувство

Интуицијата е моќна работа. Ако имате чувство дека нешто не е во ред, секако треба да поразговарате со својот партнер. Ако тој или таа одеднаш поминуваат повеќе време на работа и тоа ве загрижува, секако треба да ги споделите грижите со својата подобра половина.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -