fbpx
6.8 C
Skopje

Трифонов: Мнозинскиот систем во Бугарија ќе биде усвоен од друг парламент, а ГЕРБ треба да исчезне од политичкиот живот

АКТУЕЛНО

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, на Фејсбук најави дека нема да бара поддршка во актуелниот бугарски Парламент за воведување мнозински изборен систем во земјата и смета дека намерата на ГЕРБ да воведе таков систем ја смета за обид на партијата да се спаси.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Слави Трифонов, сепак, сега е поважно „ГЕРБ да исчезне од бугарскиот политички живот“ и додава дека таа е „токсична партија“. Тоа тој го напиша како одговор до бугарскиот премиер во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за неговите обвинувања дека партијата „Има таков народ“ бега од ветувањата дадени пред гласачите, бидејќи не сака да работи заедно со ГЕРБ.

Од објавата на Слави Трифонов станува јасно дека партијата „Има таков народ “, која е втора сила во новоизбраниот бугарски Парламент повеќе претпочита да се оди на предвремени избори отколку да се формира нова влада. Трифонов информира дека мнозинскиот изборен систем ќе биде усвоен од еден помирен и посигурен бугарски Парламент.

Од ГЕРБ го нападнаа Трифонов и го обвинија за лажење, бидејќи сега неговата партија, заедно со партијата на Борисов, имаат 126 гласа и доволно мнозинството да ги изгласаат измените во изаборниот модел.

БСП и „Демократска Бугарија“ како одговорна и мудра ја оценија одлуката на „Има таков народ“ да не се брза сега со дебатата за воведување мнозински систем во Бугарија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -