fbpx
16 C
Skopje

Тројца фудбалери од Реал Мадрид му порачале на Зидан: Роналдо мора да остане на клупата

АКТУЕЛНО

Триото фудбалери на Реал Мадрид, Герет Бејл, Тони Крос и Лука Модриќ имале отворени реакции кон Зинедин Зидан против својот соиграч Кристијано Роналдо.

Според информациите од дел од шпанските медиуми, на триото не им се допаѓа фактот што Роналдо е форсиран и секогаш за него има место во почетниот состав.

Португалецот моментално се наоѓа во лоша форма, а доказ за сето тоа се постигнатите 26 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона, што е најмалку откако се наоѓа во Мадрид.

Не е познато дали Зидан ќе го прифати барањето на дел од играчите и ќе го остави Роналдо на клупата или пак лидерот на тимот уште еднаш ќе добие привилегии и ќе остане во стартниот состав.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -