fbpx
15 C
Skopje

Труење со храна на 223 работници во тетовската фабрика, еден хоспитализиран

АКТУЕЛНО

Во тетовската фабрика „Леар“ која работи во технолошко иднстриската развојна зона 223 работници добиле стомачни болки и имале повраќање, откако се хранеле во тамошната менза.

Веднаш сите кои имале проблем биле префрлени во болници во Тетово и Гостивар, каде им била укажана лекарска помош, од каде пак подоцна на прес-конференција информираа за здравјето на луѓето.

„183 лица побраа и добија лекарска помош. По интервенцијата само еден човек е задржан на опсервација, но е во добра општа состојба и чекаме резултати да видиме дали ќе има потреба да го задржиме на понатамошно лекување“, изјави Флорин Бесими.

Проблем бил ручекот на макаросни со мелено месо, а дури по 48 часа ќе се добијат резултати од анализите на крв и другиот материјал на работниците, по што тогаш ќе се знае вистинската причина за стомачните болки кај работниците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -