fbpx
12.8 C
Skopje

Царовска: Ќе ја вратиме државата на работниците и на сите граѓани (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

„Работниците во Македонија ќе имаат повисоки плати и ќе бидат заштитени. Не дозволивме насилното сценарио во Парламентот да ги спречи демократските процеси и затоа одиме во реализација на промена која ќе донесе квалитетен живот во Македонија.

Пред само неколку денови, граѓани избрани од народот или пратеници во Парламентот, ќе беа убиени на нивните работни места. Ова го посочувам за да стане уште појасно зошто итно ни е потребна на сите новата реформска Влада. Во изминатите 10 години сме сведоци на работници кои беа повредени или загинаа на нивните работни места и никој не одговараше.

Тоа е резултат на неодговорниот државен систем што никого не штити, и затоа мора да се промени!
Овој првомајски протест ми ја враќа надежта дека конечно граѓаните и работниците ќе застанат зад своите права. На 11 декември тие гласаа за промени, сега заедно одиме кон реализација на Програмата на новата реформска Влада.

Наш приоритет се работниците и работничките права и затоа ни се потребни силни и автономни работнички синдикати, а не привезоци на власта како досега.

Нема да има повеќе експлоатација на работниците. Ќе донесеме нов закон за работнички права кој ќе биде во нивна заштита. Ќе има исплата на прекувремените часови, ќе има договарање на работничките права и во приватните компании.

Ќе има достојни и хумани услови за работа.

Наш приоритет се задоволни работници, кои имаат стабилна егзистенција, кои се работат на развој на претпријатието во кое се вработени, затоа што само такви работници и претпријатија може да донесат и развоја на општеството. Сето ова е можно преку зголемување на државната помош за 100 пати на малите и средни претпријатија. Со тоа работодавците ќе исплаќаат повиски плати ќе отвораат нови работни места.

Ветивме дека во првите 4 месеци, зголемување на минимална плата на 12.000 денари. Овој месец ќе беше исплатена минимална плата од 12 000 денари и во текстилната и во кожарската индустрија, ако Груевски и неговата режимската власт не ги кочеа процесите. Но промените почнаа и затоа наскоро ќе имаме минимална плата од 12.000 денари Нашата цел е минимална плата од 16.000 денари до крајот на мандатот и 30.000 денари просечна плата во Македонија. Ова е реално и остварливо само преку квалитетни економски мерки за кои имаме реален план.

Одлучни сме да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и тоа ќе го сториме.
Нека ни е честит овогодинешниот 1 мај и промените кои доаѓаат за работниците“, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -