Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој е еден од ретките луѓе, лекари кои веруваат дека треба да дадат максимум од своето знаење , капацитет и потенцијал на своите сограѓани.
Тој сигурни имал шанси да работи надвор , да работи во приватни клиники , но решил да остане во својот град и да го формира кардиолошкото одделение и да направи екипа што ќе помага на неговите сограѓани. И тоа зборува многу за него. Тоа значи дека тој е посветен дека вреден , дека е хуман и дека ги сака луѓето. И ова укажува дека ако тие го одберат како градоначалник овие вредности кои тој ги носи како лекар ќе ги пренесе во зградата на општината, ќе се грижи за сите да живеат квалитетно да имаат добри училишта , добар здравствен систем.
Сашко Николов дава дополнителна вредност на Општина Штип , не само што живее овде туку што се откажал од многу благодети за да допринесе за Општината и своите граѓани.