fbpx
24.8 C
Skopje

Центар: За изнесената клевета Васко Робовалиев ќе добие тужба

АКТУЕЛНО

Општина Центар со реакција на прес конференцијата на Васко Робовалиев.

„ВМРО-ДПМНЕ во очај и страв од поразот кој ги чека на локалните избори, проложува безочно да лаже.

Центар, според реакциите на граѓаните, е најдобро исчистената општина во Скопје и ВМРО-ДПМНЕ со тоа не може да се помири.

Но овојпат, лагите отидоа предалеку. Градоначалникот ниту престојувал во хотелот кој се споменува ниту е надвор од земјата.

За изнесената клевета, гласноговорникот Васко Робовалиев ќе добие тужба.

Веруваме дека нема да биде проблем за плаќање на казната, со оглед на фактот што неговата партија, само преку општинскиот буџет, испра преку 55 милиони во споменици и барок во општина Центар“, се вели во реакцијата на Општина Центар, на прес конференцијата на Васко Робовалиев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -