fbpx
26.8 C
Skopje

Центарот ќе биде затворен за сообраќај – собир на граѓани во Скопје

АКТУЕЛНО

Од Министерството за внатрешни работи денес информираа дека во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани, поради што неколку улици ќе бидат блокирани за сообраќај.

„Во тој период Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на ул. 11 октомври на потегот од крстосницата со ул. Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци. Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир“, стои во соопштението од МВР.

МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -