fbpx
5 C
Skopje

Цензурирано општество

АКТУЕЛНО

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...

Николовски: Реализирана обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување

Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции...

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Во денешно време доста актуелно е користењето на два поими – владеење на право и правна држава. Според дел од правната теорија овие два поими имаат различно значење, иако во реалноста често се поистоветуваат. Под поимот „владеење на правото“ се подразбираат две состојби и тоа: а) сите акти и активности на државните органи мора да бидат засновани на прописите содржани во највисокиот правен акт на државата – Уставот и законите со што ќе се обезбеди начелото на уставност и законитост; и б) подведување на сите органи на власта и сите поединци под уставот и законот (потчинетост на сите на правниот поредок). За да постои владеење на правото, неминовна институционална претпоставка е постоење на независно и транспарентно судство. Додека поимот „правна држава“ подразбира степен на поврзаност на државата и правото со чија помош државата ги уредува правните односи меѓу поединците, правните односи внатре во државната организација, како и правните односи на државата и државјаните.
Законите мора да бидат во согласност со човековите права и слободи, а улогата на државата е да ги гарантира правата на граѓаните и да создава услови непречено да ги уживаат.
Поради тоа, нема да се претера ако се каже дека живееме во едно сторго цензурирано општество кое функционира според принципот на паноптицизам, општество кое не се раководи од идејата за владеењето на правото и правната држава, либерално-демократските вредности, фер натпреварот, ниту пак се почитуваат основните човекови права и слободи загарантирани со уставот и законите. Оваа општествена дијагноза е утврдена повеќе децении наназад од многумина светски авторитети. И покрај тоа, современите општества како да немаат доволно силен “граѓанско-правен имунитет” да се справат со истата – “централизирана управа” и волјата на малкумина “контролори-надгледувачи” кои меѓусебно одлично функционираат, но нè во интерес на оние кои ги избрале – граѓаните.
Паноптицизмот доаѓа од идеите на англискиот филозоф, правник и социолог Џереми Брентам, а подоцна овој назив го преземаат и други светски авторитети, научници и фолзофи меѓу кои и францускиот – Мишел Фуко, кој го употребува како метафора за современото функционирање на моќта и “дисциплинираното општество”, Џорџ Орвел и други.
Еден добар, еклатантен пример за постоењето на паноптицизмот, модерната општествена дијагноза која можеби има корени во човековата посесивност е нашето општество. Од македонското осамостојување во 1991 година, до ден денес, сите македонски власти владеат според принципите на паноптицизам и посесизам. Кој ќе ја освои власта во РМ, поседува сè и раководи со животот и смртта на разделените и заробени граѓани на Република Македонија од “издигнатата кула на Илинденска бр.2”. Тие одредуваат кој и што ќе каже во ова општество, дури и дали некој воопшто ќе може да каже нешто, иако правото за слободата на говорот, изразувањето и јавното информирање е загаранитарно со највисокиот правен акт – Уставот на РМ.
Според овој посесивен начин на владеење во “дисциплинираното општество”: чесните судии можат слободно да судат онака како што им е кажано од “издигнатата кула”; непристрасните обвинители можат слободно да покренуваат обвинителни акти онака како што им е кажано од “издигнатата кула” или експресно да ги сокријат во фиока или отфрлаат – исто така по налог од “издигнатата кула”; скромните извршители можат слободно да ги пишуваат сумите во предлозите за извршување онака како што им кажале “доверителите од издигнатата кула”; самостојните единици на локалната самоуправа можат слободно да носат одлуки за организирањето на своите локални активности онака како што им е наредено од “централно издигнатата кула”; независните и слободни медиуми можат слободно да пишуваат и известуваат за настани кои педантно и благовремено им се наложени од “издигнатата кула”, вредните и високо професионални антикорупционери можат слободно да пронајдат корупција онаму каде што ќе им посочат од “издигнатата кула”, итн…
Во една таква средина, каде правото и правдата не ги зазеле своите природни позиции, ниту една област во таа средина нема да функционира според правилата на системот, при што настанува општествена ерозија, еден економско-правен хаос во кој институциите ја изгубиле својата уставна, независна и професионална улога и сите одлуки доаѓаат од еден управувачки центар. Парламентот се претвора во извонредно место за носење на закони во интерес на “надгледувачите”, високо мобилните и брзо подвижните народни пратеници можат слободно да пристигнуваат во главниот град по цик-цак рути, судот не се јавува во јуриспрудентна улога или во улога на правораздавање туку е извор на неправди, обвинителството не го гони криминалот, политичкиот систем станува корумпиран, меморандумот посилен од законот, законот посилен од уставот, не постои одговорност, јавниот здравствен систем станува опасен по живот, банките прераснуваат во легални лихвари, медиумите извор на дезинформации, образовниот систем прераснува во корумпирана зелена тезга за дипломи… а на крајот од овој хаотичен каузалитет, причинско-последичен однос, уличните контејнери стануваат маркети за самопослуга, корумпираноста станува доблест, чесноста срам, а сиромаштијата и иселувањето – очекувани појави.
Во едно такво општество, во кое поважна е веста за бојата и должината на фустанот на одредена манекенка од друг континент, отколку промоцијата на едно цензурирано научно-истражувачко дело – книга (Забранетата магистратура), која обработува едни од најзначајните домашни теми – транзицијата и приватизацијата на општествениот капитал, нема светла иднина за граѓаните на таа земја кои се информирани од своите медиуми на таков начин.
Еднаш засекогаш треба да ни стане јасно дека, доколку сакаме да живееме во едно просперитетно општество со еднакви и фер шанси за сите, општество во кое СИТЕ граѓани ќе бидат еднакви пред законите, граѓаните на Република Македонија мора конечно да се обединат околу една почетна вредносна точка која одамна им била позната на старите латини – “Legalitas regnorum fundamentum”, што значи: Законитоста е темел на државата.
Од двајца искрени професори, дознавме дека и во Советот за реформи во правосудството пристигнувале “стручни законски предлози” кои исто така доаѓале од некој друг центар налик на “издигнатата кула”, при што двајца достоинствени членови на тоа тело, си поднесоа оставки изјавувајќи дека не сакаат да ги залажуваат своите граѓани. Па треба јавно да се запрашаме: Ако тоа што тие го изнесоа во јавност е точно, што прават другите дузина членови на советот за реформи на правосудството? Имаат квалитетен приемник со кој одлично ги примаат сигналите од “издигнатата кула”? Или па ако тоа не е точно, зошто не ги негираат изјавите на своите довчерашни колеги?
Времето поминува независно од нашите активности и сè додека во нашата Република Македонија не се воспостави систем на владеење на правото и законитоста, како приоритетна точка број еден за итните и неопходни реформи, залудно би преминале во имплементација на која било друга планирана реформа од единствените и вечни реформатори, кога таа нема да функционира законито, младите нема да ја гледаат својата иднина во својата татковина, повозрасните ќе ги гледаат своите внуци на компјутер или мобилен преку интернет врска, а како ќе функционира пензискиот систем во услови на “стареење на населението” може само да претпоставиме.

М-р Александар Попоски
Член на иницијативен комитет на ГДУ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Викенд диета: До понеделник 3 килограми помалку

Викенд диетите се многу популарни бидејќи се едноставни, траат кратко, а бидејќи за време на викендот сте дома можете да посветите внимание на тоа...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...

Истражување: 20,7 проценти од населението во Србија развило имунитет на коронавирус

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7 проценти од населението во Србија се здобило со имунитет на коронавирус, а најмногу отпорни се...

Николовски: Реализирана обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување

Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции...
- Advertisement -