Koj би рекол дека Цеца ќе дозволи да ја фатат пред камери




Jавноста во текот на вчерашниот ден дозна дека популарната српска пејачка е со бизнисменот Богдан Срејовиќ
Запознавањето се случило на роденден на пријателка на Цеца, започнале романтична љубовна врска, а екипата на Paparaco lova, го фати заљубениот пар во српската метропола.
Тие се бакнаа, се држаа за раце, а не криеа ниту дека се среќни еден со друг.
Првата средба меѓу Цеца и Богдан се случи на роденденска вечера во ресторан во главниот град. И тогаш се виделе неколку пати преку заеднички пријател, каде се родиле симпатии. На самиот почеток се криеја далеку од очите на јавноста и се движеа само во најблискиот круг на пријатели. Сепак, од Нова година тие започнаа да излегуваат заедно, за што сведочат и овие папарацо фотографии направени во еден белградски ресторан, а пред тоа овој пар беше виден на Јахорина, каде уживаа во зимската магија со компанијата.
Секако, патувањето на Цеца на Јахорина не помина незабележано, а со тоа и не мистериозниот човек од кого не се оддели – откри денес извор, кој детално бил информиран за односот меѓу Ражнатовиќ и Срејовиќ.