fbpx
29.8 C
Skopje

Цеца Ражнатовиќ: Секогаш има некој покрај мене но не се експонираме во јавноста

АКТУЕЛНО

Една од најдобрите пејачки во регионот неодамна во интервју раскажа зошто не сака да го претстави новиот партнер и зошто се труди да сокрие дека е емотивно исполнета.
-Јас си го организирав животот на начин на кој сакав и се трудам да го држам подалеку од очите на јавноста.

Дали имам партнер или не, не сакам да споделам со медиумите. Еднаш тоа го направив и тоа само луѓето да не говорат: „Ете, она како никој нема, крие и фолира“. Тоа го направив од лична егзибиција, ништо други, вели Цеца и додава дека не се кае поради оваа одлука:
-Не, не се каам поради работите кои ќе ги направам. Зрела жена сум, стабилна, не зависам од никого.

Се што ќе направам, го правам сама. И ако погрешам, ќе се сносам со грешките. Не се каам зошто ништо лошо немам направено. Повторувам, и кога имам некого, не се експонирам, не се фотографираме, не се појавуваме. Помалку ме боли глава, штом се вклучат медиумите, отиде се, вели таа.

Цеца во последно време е потполно недостапна за медиумите и живее баш онака како што опиша- далеку од очите на јавноста. Ова лето се појави само два пати, на своите концерти во Топ Хил во Будва. Нејзината фотографија на Инстаграм, под која напиша „Погледни ме нежно“, ги заинтригира нејзините фанови, кои тоа го сфатија како знак дека е заљубена.

А покрај тоа што ги заинтригира фановите, даде и доза љубопитност кај медиумите, кои се трудат да откријат повеќе детали од нејзиниот приватен живот, кој таа пак доста успешно го крие од очите на јавноста.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -