fbpx
11.8 C
Skopje

Циклонот Бруно утринава удри силно во Скопје: Пороен дожд, засилен ветер – какво време не очекува

АКТУЕЛНО

Утринава жителите на главниот град, но и на поголемиот дел од нашата држава ги разбуди силен, пороен дожд, проследен со силен ветер од северен правец и грмотевици.

Во Македонија денеска ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер.

Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 16 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4. Во Скопје слично време, со темепратура од 20 до 24 степени.

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -