fbpx
17.8 C
Skopje

Циклонот Глорија го погоди Скопје: На овие места најкритично

АКТУЕЛНО

Во овие рани вечерни часови Скопскиот регион е на удар на Глорија каде има изразена нестабилна облачност проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски.

Од радарските центри преку кои се следи времето, се гледа и локална појава на град во околината на Скопје.

Нестабилноста се спушти од соседно Косово и понатаму се спушта јужно према северозападните и западните предели на државава но и натаму се следи ситуацијата дали ова невреме ќе остане исто или ќе ослабне понатаму.

По врнежите и грмежите кои ќе ги има особено на југозападот и на западот до крајот на денов во текот на ноќта кон утрешниот петочен ден атмосферата ќе се стабилизира и врнежите ќе престануваат а исто така и облачноста ќе започне да се намалува. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

Поради ваквата ситуација ќе дојде до спуштање и продор на постудена воздушпна маса од север која до утрешното петочно утро температурите на воздухот ќе ги спушти на есенско ниво и истите ќе се спуштат во интервалот од 10 до 17 степени додека на високите планини ќе паднат и под 10 степени.

Во централните и во југоисточните предели ќе остане нешто потопло и таму температурите ќе паднат до околу 20 степени.

Потоа од утре (петок) повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -