fbpx
2 C
Skopje

Ципрас: Новото име треба истовремено да биде и уставно име на соседната земја

АКТУЕЛНО

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината ќе ве изненади

За секој проблем постои решение – би рекле многумина, и навистина е така барем кога станува збор за варењето јајца и неговото лупење. Се...

Името за кое што ќе се договориме ќе треба истовремено да биде и уставното име на соседната земја, за што предуслов е ревизија на Уставот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во Брисел по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Ципрас рече дека ставот на Грција е дека треба да се реши долгогодишниот проблем, но „со оддржливо и стабилно решение што ќе се потпира на цврсти темели“.

– Грција бара едно решение ерга омнес, односно едно решение со јасно обврзување за едно име што ќе се користи за сите, како за надворешна така и за внатрешна употреба, факт што значи дека ќе треба името за кое ќе се договориме да биде во исто време и уставното име на соседната земја, нешто за што е неопходна уставна ревизија, објасни грчкиот премиер, повторувајќи ги грчките позиции, кои ѝ ги пренел и на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика.

Според Ципрас, Македонија е таа која што брза да се реши проблемот бидејќи станува збор за „егзистенцијално прашање од егзистенцијално значење“ за европската перспектива на земјата.

Во однос на временскиот рок за решение до НАТО Самитот во јули, Ципрас рече Грција не се брза, ниту пак е под притисок за решение.

– Никој не нѐ брза, никој не нѐ притиска, не брзаме. Наша е иницијативата да го решиме проблемот што, според нашето мислење ѝ тежи на надворешната политика на земјата, рече грчкиот премиер, одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека не е 2008 година за да има притисоци за членство во НАТО.

Во однос на улогата на Ердоган во регионот, по последната посета на македонскиот претседател на Турција, Ципрас рече дека европската перспектива на Скопје поминува преку Атина, а не преку Анкара.

– Треба да сфатат нашите соседи, мислам дека тоа го има сфатено премиерот на земјата, треба да го разберат сите политички сили, дека европската перспектива и зајакнување на стабилноста во соседната земја, не поминува од Анкара поминува од Атина. Не треба изнаоѓањето решение да го бараат во Анкара. Бараат европска перспектива, прават грешка ако тоа го бараат од Анкара, рече Ципрас, пренесува МИА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Декември ќе биде многу среќен за овие три хороскопски знаци: Розите ќе цветаат во име на љубовта

Среќата ќе ги придружува и во следната година во која тие ќе фантазираат, ќе визуелизираат и ќе размислуваат позитивно, а тоа пак ќе отвори...

Апасиев ја прифати поканата: Генерале, спремај турско кафе, превриено, без шеќер

Професоре Апасиев, благодарам на брзиот одговор. Кафето ќе го спремам лично јас. Турско. Превриено. Без шеќер. На 19 ноември го замолив @shlapatalo (Борче Стаменов, скромен дечко...

Венко ги објави резултатите: 40 % од тестираните се позитивни

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49,...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...
- Advertisement -