fbpx
12 C
Skopje

Ципрас во посета на Србија

АКТУЕЛНО

Грчкиот премиер Ципрас после седум години ќе биде првиот премиер кој прв ја посетил Србија. Ципрас и претходно беше во Србија во декември 2014 како лидер на Сириза.

Грција е една од неколку членки на НАТО и на ЕУ кои не ја признаа независноста на Косово, а беше и воздржана за време на гласањето за прием на Косово во УНЕСКО во 2015 година, пишува српскиот весник „Политика“.

„Особено се радувам што повторно ја посетувам Србија, земја со која долги децении не поврзуваат блиски историски, политички, културни и духовни односи. Пријателството и солидарноста меѓу грчкиот и српскиот народ претставуваат историска константа, но тоа не е доволно. Неопходно е да ја осовремениме нашата соработка, да се прилагодиме на сегашниот момент, да дадеме нова динамика во контекст на сложените и постојано променливи околности во балканското, европското и меѓународното опкружување, изјави Ципрас во интервју за „Политика“.

Ципрас најави дека на средбата со српските власти тој ќе разговара за важни прашања, меѓу кои и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји а ќе се одржи и српско-грчки бизнис форум со учество на повеќе од 70 грчки компании.

„Планираме да ја зајакнеме соработката и во сферата на транспортот, вкупната инфраструктура. Посебен акцент сакаме да ставиме на железничко поврзување меѓу Пиреја и Белград, за кое предвидуваме дека ќе се реализира во рамките на планот на Кина „Еден појас, еден пат“, рече Ципрас.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -