fbpx
11 C
Skopje

„Црвено-црната“ машина продолжува да меле: Вардар подобар од Целје!

АКТУЕЛНО

Во рамките од 12. коло во групната фаза на Лигата на Шампионите, тимот на Вардар ја забележа и деветтата победа и повторно се врати на лидерската позиција, откако го совлада Целје со 35:30.

Неизвесно беше само на почетокот, кога гостите се држеа до 3:3, потоа Вардар направи серија од 4:0, поведе со 7:3 и до полувремето ја зголеми предноста на 20:15.

Во вториот дел продолжи сигурната игра на „црвено-црните“, највисока беше предноста од седум погодоци позитива, која на крајот словенечкиот шампион успеа да ја намали.

Штербик беше одличен на голот со 12 успешни интервенции, Душебаев имаше 8 погодоци, Дибиров и Шишкарев по 6, додека Карачиќ уфрли 5 голови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -