fbpx
11 C
Skopje

Тунтев: Мицкоски е полош од Груевски, но пратениците имаат историска шанса

АКТУЕЛНО

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Заев го победи Црвенковски со 3:0 – ја направи СДСМ победничка партија, ја внесе Македонија во НАТО и е на чекор до ЕУ

Пенал(и) за Зоран Заев - фејсбук статус на Дарко Пешевски од ВМРО НП Го изгледав неколку пати интервјуто на премиерот но и го прочитав неколку...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е исто, можеби и полошо од претходното предводено од Никола Груевски. Ја срамоти државата и отворено се кара и се расправа со најголемите стратешки партнери. Ова раководство отворено и јавно се однесува антизападно, рече на прес конференција Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ.

– Но затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, народните избраници, имаат шанса да се издигнат над ставот на антизападниот партиски лидер и да се приклучат во процесот што обезбедува европска иднина. Убеден сум дека и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се за влез во ЕУ и НАТО. Сега е историскиот момент да го покажат тоа на дело, да ја почитуваат волјата на над 80 отсто од сите граѓани и да ги поддржат уставните измени – изјави Тунтев.

Тој додаде дека овој парламентарен состав има единствена, историска шанса да обезбеди иднина на Македонија во ЕУ и НАТО, дека над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот на 30 септември јасно покажале дека се за ЕУ и НАТО. Повеќе од 80% од граѓаните според сите истражувања се за ЕУ и НАТО,

– Собранието треба да ги усвои измените на Уставот кои се во насока на заштита и зајакнување на нашиот македонски идентитет и кои обезбедуваат просперитетна европска иднина што ја очекуваме 27 години. Но тоа е пат што мора заедно да го изодиме и оттука, ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат во процесот. Алтернатива не постои, секој друг предлог за друг пат на Македонија значи туркање на нашата држава во нови изолации и кризи. Македонија припаѓа на западниот свет, без разлика што Христијан Мицкоски има проблем со тоа – рече Тунтев.

Тој рече дека веруваме оти утре ќе има двотертинско мнозинство. Како аргумент за ова тој рече дека од дискусиите се видело дека ниту еден пратеник не е против ЕУ и НАТО. Тунтев очекува утре да заврши дебатата.

Тој повтори дека ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжи по секоја цена да ја блокира иднината на државата тогаш неизбежни се предвремени парламентарни избори организирани веднаш.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Европски претставници: Заев ја носи Македонија во ЕУ, таму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео...

Еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е Чегевара на батерии

Твит на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ Стојанче Ангелов ќе биде главен лик во кризнава состојба. Ќе се бориме со пандемија на чело со Стојанче...

Убава вест: Државата започна со исплата од 11.000 денари до 14.000 денари за сите граѓани кои се во оваа категориј на пензионериа

Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се...

Спасовски се огласи за протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Почитувајте ги забраните за јавни собири

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради...

Спасовски: Развоен буџет за модерна полиција и достојни услови за полицајците и во 2021 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираше буџетот на Министерството за наредната година, посочувајќи притоа дека тој е развоен и дека ќе...
- Advertisement -