fbpx
20.8 C
Skopje

Туре не застанува: Го “уништи“ Гвардиола со нова изјава!

АКТУЕЛНО

Бившиот фудбалер на Сити не го сака бившиот менаџер

Некогашниот играч на Манчестер Сити Јаја Туре одлучи за Франс Фудбал да проговир за лошиот однос кој спрема него го имал менаџерот на Граѓаните Пеп Гвардиола.

Во делот од интервјуто кој што беше објавен пред неколку дена Туре истакна дека шпанскиот стручњак не го сакал поради бојата на кожата.

“Имам чувство дека сака да се одмазди за нешто, му делува дека секогаш е љубоморен и не ми е јасен поради тоа. Секогаш ме гледаше чудно, се врткаше околу мене, но никогаѓ не ми се обраќаше, а знаеше дека зборувам каталонски, шпански и англиски. Имав чувство дека прави се за да ми ја уништи кариерата. Се прашував дали тоа е поради бојата на мојата кожа, но си говорев дека тоа е невозможно.

Сепак Туре не остана на овие зборови. Фудбалерот во продолжението од интервјуто беше навистина брутален спрема Гвардиола.

“Тој направи се за да ми ја уништи последната сезона. Ми ги украде простувачките моменти со навивачите на Сити. Сакав простување какво што имаа Иниеста или Буфон, но Пеп тоа не го дозволи“, рече искусниот фудбалер и продолжи:

– Кога се шегува тој ја зборува вистината, а кога лаже е сериозен. Тоа го разбрав во Барселона. Кога му реков дека сакам да го напуштам клубот тој се правеше дека се грижи за таа моја одлука и ме молеше да останам“, рече Туре, кој тврди дека од Гвардиола не научил ништо.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -