Турција ќе му суди на поранешниот конзул на Бугарија во Едрене, Георги Димов, соопштија од Амбасадата на јужниот сосед на Бугарија.
Изјавите на дипломатот за проблеми при одржувањето на референдумот во Турција за уставните измени, се причината поради која Турција ќе превземе „законски“ мерки спрема бугарскиот дипломат.
Според мислењето на Димов, референдумот е нелегитимен и тој истакнува дека не постои можност за отстранување на турскиот претседател со легални средства.
Со референдумот во Турција, претседателот на Турција доби пошироки претседателски овластувања со што експертите тврдат дека Турција полека, но сигурно се претвора во претседателска република.