fbpx
7 C
Skopje

Турција го блокира пристапот до Wikipedia

АКТУЕЛНО

Институцијата на Турција што е надлежна за следење интернет пред две недели информираше дека се блокирани сите пристапи до Wikipedia во земјата.

Турција ја предупреди онлајн енциклопедијата Википедија, што е блокирана во земјата од пред две недели, за содржината што „развива перцепцијата дека Турција ги поддржува терористичките организации“, изјави денеска турскиот министер за сообраќај Ахмет Арслан.

Тој побара од Wikipedia да отвори свое претставништво во Турција и да ги исполни условите за плаќање данок.

Турската институција што е надлежна за следење интернет пред две недели соопшти дека се блокирани сите пристапи до Wikipedia во земјата, а како причина го наведе законот со кој се овозможува забрана на сајтовите за кои се оценува дека претставуваат закана за националната безбедност.

Како што јавија турските агенции, судот потоа го отфрлил барањето на Wikipedia да биде одблокиран пристапот до интернет-страницата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -