fbpx
37.8 C
Skopje

ТВ 24 во МВР: Каде беше стациониран штабот на ВМРО-ДПМНЕ во зградата на полицијата

АКТУЕЛНО

Од прислушуваните разговори кои ја потресоа македонската јавност можевме да слушнеме лично од поранешната министерка Гордана Јанкулоска како функционирало министерството за внатрешни работи, особено за време на избори. Слушнавме дека одовде функционирале два штаба. Оној на МВР и оној на ВМРО.

https://www.youtube.com/watch?v=c1r6_RKAb1o

Камерата на ТВ 24 го посети вториот кат на министерството – просториите кои во времето на Јанкулоска биле претворени во штаб на партијата.

Целиот кат, на кој се наоѓа и министерскиот кабинет, бил претворен во партиски штаб. За време на избори, овде доаѓале партиски членови кои не биле вработени во МВР. Кол центар и партиски месен комитет ги спроведувале изборите наместо службите на министерството.

Од бомбите слушнавме со какви методи се служела партијата за време на избори, како злоупотребувајќи ја полицијата се носеле гласачи и се купувале гласови.

Токму оваа изјава од бомбите го отвори суштинското прашање, колку длабоко партизацијата навлегла во институциите.

Од ова биро поранешната министерка Јанкулоска ги издавала наредбите кои можевме да ги слушнеме во бомбите. Од најситни злоупотреби до користење на министерството како партиски штаб кои во прашање ја доведоа професионалноста на полицијата. Сега, новиот министер е пред важен испит.

Претстојните локални избори ќе бидат тест и за целото министерство. Дали МВР на чело со Оливер Спасовски ќе успее да ја врати изгубената доверба од граѓаните и да спроведе избори во кои никој нема да се сомнева?

Партизацијата беше нотирана и во сите европски извештаи. Насоката е јасна, целосна департизација на полицијата. Отворањето на штабовите за јавноста преку нашата камера е првиот чекор во таа насока, но останува предизвикот очетноста на министерството да биде правило, а не исклучок.

Извор: ТВ 24

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -