fbpx
13.8 C
Skopje

Тврди: Вооружени банди ги полнеа кутиите на референдумот

АКТУЕЛНО

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодоров Петров, вели дека излезноста на референдумот бил 22%. Според него официјалниот резултат на Државната изборна комисија од 36% е постигнат со полнење на гласачките кутии во местата каде претежно живеат етнички Албанци.

-Резултатите од референдумот за промена на името ги сметам за груб фалсификат на слободната изразена волја на народот. Според набљдувачката мисија на Светскиот македонски конгрес излезноста на избирачите е 22 отсто од вкупниот број запишани избирачи. Разликата од 36% е резултат на незаконско полнење од страна на вооружените банди и партиски членови во местата каде живеат мнозинство Албанци – рече Петров.

Според него најевидентно дека се полнат кутии било помеѓу 17 и 19 часот на денот на референдумот. Од Светскиот македонски конгрес велат дека протестираат против кршењето на избирачкото право, незаконското финансирање на кампања, учеството на странски правни и физички лица во каммпањата, вршењето на притисок врз гласачите и организирање поткуп при гласањето.

Како што рече Петров одлука на референдумот е задолжителна за сите без исклучок, и за премиерот и за министрите и за пратенците.

-Отфрламе промена на уставното име и ратификување на договор за промена на името. Спогодбата Димитров- Коѕијас не е дел од внатрешниот правен поредок, не е ратификувана во согласност на Уставот и е ништовна, ниту потпишана од претседателот ниту објавена во Службен весник. Спогодбата претставува флагрантно кршење на Уставот и законите, претставува велепредавство за што се добива казна затвор од најмалку 5 години, претставува геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото – порача тој.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -