fbpx
3 C
Skopje

ТВРДОКОРНИ – НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ!

АКТУЕЛНО

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ изразуваат сериозна загриженост што и покрај многуте повици и укажувања продолжува игнорирањето на одредени политичари околу т.н „албанска платформа“ со како што велат тие, еден калкулантски однос од нивна страна, а земајќи ја како предмет на преговори за идна Влада.

Тие додаваат дека за нив после Рамковниот договор, прашањата на етнички клуч се затворени и упатуваат апел до албанските политички партии да се вразумат и да внимаваат на речникот со кој се обраќаат кон македонскиот народ.

Во продолжение следува интегралниот текст од соопштението на МПЗ – ТВРДОКОРНИ.

Тврдокорни изразуваат сериозна загриженост што и покрај многу повици и укажувања продолжува игнорирањето на одредени политичари околу т.н „албанска платформа“, со калкулантски однос земајќи ја како предмет на преговори за идна Влада.
Самиот факт што партиите на Албанците упорно настојуваат да ја фаворизираат платформата, а кај некои македонски партии тоа е пречекано без отпор, создава нервоза и загриженост кај нас и кај секој свесен Македонец.
За нас после Рамковниот договор потпишан во Охрид, иако на наша штета, прашањата базирани на етнички клуч се затворени. За нас тој договор е неправеден, но го почитуваме заради мир и затоа што е потпишан со крвта на многу млади животи.
Секоја политичка одлука која оди надвор од одредбите од Рамковниот договор за нас преставува кршење на мировниот договор и создавање на простор за нова дестабилизација на Македонија.
Апелираме до „албанските“ партии да се вразумат. Актот на поништување на Рамковниот договор да го тргнат од маса и ПОСЕБНО во иднина да внимаваат на речникот со кој се обраќаат кон македонскиот народ. Изјавите на Зијадин Села во кои тој го негира постоењето на македонскиот народ, отвара простор за судир од широки размери кој несомнено ќе се префрли и во неговиот двор.
До раководството на СДСМ апелираме да ги препознаат овие опасни ситуации, самозалажувачки да не ги релативизираат и минимизираат.
За душегрижниците кои често прашуваат, КАДЕ БЕА ТВРДОКОРНИ ДОСЕГА, ќе одговориме: Членовите на Тврдокорни при разни родољубни делувања самостојно или како дел од разни организации се апсени и притворани за протестите против назначувањето на Талат Џафери за министер за Одбрана, за настаните на Кале, Смилковско езеро, Ѓорче Петров… Негодувавме и негодуваме за амнестијата за Хашките случаи…
Овој пат организирани на едно многу повисоко ниво, застануваме како брана на националната ерозија. Нашето незадоволство од антимакедонските политики беше големо, но ова ја прелеа чашата.

Велиме ДОСТА БЕШЕ и ќе ги повикаме сите искрени македонски родољуби, без разлика на политичка припадност, да се спротиставиме на овој безумен големоалбански нападен и потценувачки акт, напишан во фамозната платформа.
ДА НЕ БИДЕ ПОВЕЌЕ ЗЛОУПОТРЕБУВАНО, БИДЕЈЌИ ПРИ КРАЈ Е МАКЕДОНСКОТО ТВРДОКОРНО ТРПЕНИЕ!
Македонец за Македонец, брат за брат!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -