Уапсен мажот кој усмрти 39 лица во клубот „Реина“ во Истанбул.
Турскиот весник „Хуриет“ тврди дека атентаторот кој застрела 39 лица во ноќен клуб во Истанбул на новогодишната ноќ, бил фатен.
Абу Мохамед Курасани бил уапсен заедно со 4 годишниот син, при антитерористичка операција, тврди весникот. Засега нема официјален коментар од властите.