fbpx
6.8 C
Skopje

Убава вест за фановите на Ритко: Неговиот Јутјуб канал повторно активен, се огласи и тој

АКТУЕЛНО

Познатиот јутјубер од Битола Ритко Мемедов сподели дека неговиот јутјуб канал е исклучен од страна на Јутјуб. Причината за тоа како што наведе самиот тој на својот инстаграм профил е поради тоа што бил репортиран од повеќе луѓе од различни држави.

Тој извести дека многу тешко дека Јутјуб ќе донесе одлука да му го врати каналот, но додава дека ќе се бори за тоа.
Ми беше мило што се дружевме толку долго време ако некогаш се враќам ќе ве известам. Фала ви за се, напиша Ритко на Инстаграм на денот кога го исклучија неговиот канал.

Но, веќе синоќа Ритко на својот профил напиша статус со кој ја извести неговата публика дека неговиот канал е повторно активен.
,,Дури бевте сите против мене, направивте се за да згасне мојот канал, господ беше со мене и ме врати на местото каде што припаѓам. Каналот е вратен. ” – напиша Ритко на својот фејсбук профил.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -