fbpx
5 C
Skopje

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА

АКТУЕЛНО

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: OД ДЕНЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД ДЕТСКАТА, ЦИВИЛНАТА И СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА
Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес 4 март (четврток) 2021 година започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките,

да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот К0ВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

05.03.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -