10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

УБАВАТА СТРАНА НА ФУДБАЛОТ: Зошто плачеше помошниот тренер на Џенова

 

Во време на разноразни афери и мегаломанско трошење на пари, често забораваме на онаа многу поубава, хумана страна на фудбалот. Такво нешто се случи на синоќешниот натпревар меѓу Џенова и Лацио.
Синоќа светот го обиколија слики на уплаканиот помошен тренер на Џенова Марко Пелегри. Џенова беше поразена на својот терен со стадион од 2:3, но Пелегри не плачеше поради тоа, токму спротивно, неговите солзи, беа солзи радосници. Имено, Пелегри едноставно не можеше да ги сокрие емоциите откако неговиот 16. годишен син Пиетро Пелегри синоќа успеа да постигне два гола за Џенова. Солзите сами говореа колку Марко е горд на својот син, кој минатата година стана најмладиот фудбалер кој настапил на еден натпревар во Серија А. Со свои 15 години, неговиот син стана најмладиот дебитант во Серија А, а во мај оваа година и најмладиот стрелец, кој погоди против Рома.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави