21 C
Skopje

Убави вести од министерот Филипче: Венко кажа кога очекува да се враќа животот во нормала

АКТУЕЛНО

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

Според најавите на министерот за здравство, Венко Филипче кон крајот на април животот во Македонија полека треба да се враќа во нормала.

„Сакам да упатам порака дека нема да може лесно, целокупниот работен процес и животот, да се врати со ист интензитет, имајќи ги во предвид искуствата на другите земји. Секогаш постои ризик и за друг пик на новодијагностицирани пациенти.

-Следната недела започнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, а на кои од наша страна и комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствени капацитети, угостители, како треба нивниот работен процес да го организираат за да во моментот кога ќе се одлучи дека е дојден момент да се отстранат ригорозните мерки, процесот постепено да се врати во нормала“, рече Филипче.

Во Македонија за 24 часа има 46 нови заболени од Ковид 19. Дијагностицирани се 663 случаи.

Има доволно заштитна опрема и се користи соодветно

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека во справувањето со коронавирусот има заштита опрема сосема доволно, се користи соодветно, а лекарите имаат искуство како се користи.

-Има соодветна едукација и тие имаат искуство во користењето на таа опрема. Дел од вкупните резерви на Министерството за здравство физички стојат на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче. Додаде дека и согласно увидот што го направил Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тој процес е целосно запазен согласно сите протоколи и критериуми и се одвива во најдобар ред.

Министерот Филипче посочи дека е во редовна комуникација со директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со лекарите кои ги водат пациентите, посебно во делот за интензивна нега.

Филипче информира дека засега ставот на Комисијата за заразни болести е дека се продолжува со истата стратегија, односно се тестираат за присуство на вирусот симптоматските пациенти, а се следат нивни примарни и секундарни контакти, според ризикот. Доколку некој од нив е со симптоми тогаш се прави тестирање.

Прашан дали се размислува медицинскиот персонал да биде изолиран, Филипче рече дека здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и ГОБ „Осми Септември” работат по протокол, со заштитна опрема, имаат и систем на ротација, имаат распоред на своите клиники.

-Доколку се изнуди потреба може да организираме и сместување, но засега не се изнудила таква потреба, рече Филипче.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Тимот за одговор при катастрофи трага по исчезнатиот велешанец кај Белештевица

Четворица волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес попладнево се вклучија во потрагата по исчезнатиот велешанец...

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -