fbpx
16 C
Skopje

Убиец во САД пуштил снимка од убиството на Фејсбук

АКТУЕЛНО

Полицијата во САД е во потрага по пронаоѓање на убиецот кој застрела случаен минувач во Охајо и потоа пушти снимка од убиството на Фејсбук. Видеоснимката веќе е отстранета од социјалните мрежи.

Осомничениот е 37-годишниот Стив Стивенс. Според властите, тој е вооружен и многу опасен. Тие ги предупредија и соседните сојузни државни на Охајо за особена внимателност.

74-годишниот Роберт Годвин е застрелан на улица додека се враќал дома по празнична Велигден вечера. Полицијата издаде потерница против осомничениот Стивенс, а неговиот физички изглед е  – крупен црнец маж со брада во бел автомобил Форд со привремени регистарски таблички. Осомничениот ја пуштил на фејсбук  видео  со убиството. На него се гледа како маж, кој личи на него, излегува од автомобил, го насочува оружјето кон жртвата и пука во нејзината глава.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -