Откако вчерашниот почеток на учебната година беше одложен за први октомври поради пандемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се прошири снимка од забава во кафулиња во ТЦ Бисер, пишув Слободен Печат
На видеото може да се види дека мерките за заштита од ширење на коронавирусот не се почитуваат, па средношколците кои присуствуваа на забавата не држеа никакво растојание ниту на отворено, ниту во затворениот дел.
Средношколците не носат ниту маски на снимката, а може да се забележи и како делат наргиле
Извор: Слободен Печат
Линкот од видеото ТУКА
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Многу реновиравме за да ги подобриме услугите во здравствените установи, но дефинитивно иднинината е во нов клинички центар. Постапката започна и ние прекинавме поради изборниот процес, сега треба да продолжи. Концептот е тој да биде во четири блока, а верувам едниот блок да биде готов во наредните четири години и дел од клиниките да се преселат и да започнат со работа, рече министерот за здравство, Венко Филипче на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Ќе започне со работа едниот блок кога ќе е готов, а потоа како ќе се готови другите блокови и за тоа имаме план и истите ќе се отвораат. Прво би се селеле хируршките, каде има операциони сали и интензивна нега, тоа е приоритет, кажа Филипче.
Сепак тој вели дека „сеуште се работи на модел на финансирање, проценката е дека ќе чини 450 милиони евра“.
Филипче укажа дека тоа ќе биде инјекција за економијата и додаде дека завршени се работите во општина Ѓорче Петров кои се потребни за новиот клинички.