17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Учество на МНР Никола Димитров на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија (ФОТО)

Денес, 25 јануари 2018 год., МНР Никола Димитров во рамки на 48-от годишен состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, учествуваше како дискутант на неформалниот собир на светски економски лидери на тема: „Идентитет, интеграција и миграција.”

Настанот беше модериран од МНР на Канада Кристиа Фриланд, а во дискусијата посветена на современите предизвици поврзани со миграциските текови учествуваа и повеќе шефови на влади, министри и високи претставници на меѓународни организации. Во таа прилика Министерот посочи: „Искуството со мигрантската/бегалската криза и со економската емиграција од самите земји во Западен Балкан ни’ покажа дека евроинтеграцијата на регионот претставува безбедносен императив и за самата ЕУ, а економскиот прогрес на земјите од регионот наша заедничка обврска.”

ФОТО

На маргините од Форумот, министерот Димитров оствари и неколку билатерални средби и тоа со: МНРС на Шпанија Алфонсо Дастис, МНР на Албанија Дитмир Бушати, министерот за европски прашања на Црна Гора, Александар Пејовиќ, МНР на Швајцарија Ињацио Касис, како и со европратеничката Мариетче Схааке.

На средба со својот шпански колега, министерот Димитров го информираше соговорникот за тековните чекори кои Владата на Република Македонија ги презема на домашен и надворешен план во насока на реализација на европските и евро-атлантските аспирации и воедно побара поддршка од шпанска страна на тој пат.

Димитров – Пејовиќ

При средбите со колегите Бушати и Пејовиќ беа разменети последните информации околу нацрт Стратегијата на ЕУ за проширување на Западен Балкан чија објава е најавена за 6 февруари 2018.

За време на средбата со МНР на Швајцарија, министрите разменија мислења за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката од швајцарска страна во насока на натамошен развој на македонската демократија и економски развој.

Со европратеничката Схааке Министерот Димитров разговараше за македонското ЕУ портфолио и начините за негова успешна реализација. Воедно, при крајот на денот се очекува Министерот да се сретне и со Мајкл Абрамовиц, претседател на Freedom House, а во насока на негово запознавање со актуелните случувања во Република Македонија и реформските процеси и заложби за натамошен демократски развој на земјата.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави