11.8 C
Skopje

УЕФА МОЖЕ ДА ЗАБРАНИ ИГРА СО ГЛАВА КАЈ НАЈМЛАДИТЕ

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) веќе една година спроведува сопствена студија за влијанието на ударите на топката со глава кај најмладите активни фудбалери во фудбалските клубови и школи низ Европа. Откако во Англија и САД се појавија први научни резултати за сериозни влијанија кои играта со глава ги остава кај најмладите фудбалерчиња во нивниот понатамошен живот, УЕФА тргна во своја мисија.
Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, во изјава за неколку британски весници потврди дека Европската куќа сериозно му пристапува на проблемот за кој се зборува веќе неколку години наназад. Медицинската комисија во УЕФА во соработка со неколку релевантни институции скоро една година работи заедно со еден англиски премиерлигашки клуб, со цел да утврди каква реакција има мозокот кај најмладите во фудбалот при тренинзи во кои активно се применува играта со глава, но исто така и на самите натпревари во т.н. детски лиги. УЕФА стана првото големо тело кое влезе активно во анализа на влијанието на играта со глава на децата во најрана возраст при тренинг активности и натпревари за клубовите во кои настапуваат. Претседателот Чеферин вели дека организацијата ќе биде строга во својот одговор, веднаш штом ги добие доказите кои ја поврзуваат играта со глава со појава на деменција кај фудбалерите во подоцнежните години од животот.

Британски „Телеграф“ инспириран од проблемите во кои се најдоа поранешни фудбалери на англиската фудбалска репрезентација поведе и сопствена кампања за испитување на оваа проблематика. Имено, неколку членови на англискиот фудбалски тим кој го освои светското првенство во 1966 година веќе страдаат од дегенеративно заболување на мозокот. Во САД уште пред две години се појавија првите резултати од слична студија, па Американците минатата година и официјално забранија деца помлади од 11 години да бидат во тренинг активности и спортови во кои ќе треба да ја удираат топката со глава. Стравот е главно од предизвикување на мали потреси на мозокот, кои во натамошниот развој на телото кај младите оставаат трајни последици, кои во староста предизвикуваат појава на деменција. Во САД, промените на регулативата дојдоа по тужбата која беше поднесена од група медицински работници и родители, откако кај речиси 50.000 средношколци во 2010 година беа регистрирани потреси на мозокот. Оваа бројка не се однесува само на фудбалот, туку и на спортови како кошарка, бејзбол и американски фудбал. Американците направија ограничување на играта со глава кај децата од 11 до 13 години, а оние помладите комплетно се лишени од било какви тренинзи на кои топката треба да се удира со глава.
„Она што ние го анализиравме покажа дека изложеноста на главата на удари со топка доведува до сериозни повреди на мозокот. Бидејќи медицинскиот увид во спортот со годините напредуваше, мислиме дека оваа анализа беше неопходна да се направи и порано“, вели Џорџ Џиапас, првиот човек на медицинската комисија при Фудбалската асоцијација на САД.

Фото

Новиот претседател на УЕФА го дели ставот на Американците и вели дека затоа на оваа анализа мошне сериозно и се пристапува.
„Ние во секој сличај треба сериозно да пристапиме кон оваа проблематика. Ако резултатите од студијта која е во тек покажат дека ударите на топката со глава предизвикуваат оштетувања, особено кај децата, тогаш мора да реагираме строго. Оваа работа е исклучително важна и навистина сум љубопитен да видам што ќе ни донесе студијата. Ова е проблем за многу спотови, не само за фудбалот. Можам само да кажам дека ќе бидеме строги и со нетрпение ја чекаме анализата“, вели Чеферин во изјава за британски „Телеграф“.
Сепак, интересно е што не целата медицинска заедница се согласува со одлуката на Американците за забрана за тренинзи кои опфаќаат удирање на топката со глава на деца помлади од 11 години. Крис Кутрес, кој е член на Американската академија на педијатри, вели дека не гледа причина за целосна забрана, иако има прашања за кои треба да се дискутира. Тој вели дека за децата во рана фаза на активност во фудбалот, треба да се обезбедат полесни топки со кои ќе се игра и тренира. Тоа значи дека педијатрите и медицинските лица во спортот треба да направат специјална анализа која ќе покаже која е максималната тежина на топката со која децата до 11 или 12 годишна возраст ќе можат активно да тренираат со глава. Како и да е, УЕФА наскоро ќе ги презентира резултатите од сопствената студија и треба да покаже дали навистина може да очекуваме забрана за младите фудбалерчиња во иднина до одредена возраст да практикуваат игра со глава.

Повеќе за ова на Sport.com.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Мистериозен млад човек ја разбранува јавноста: Среде литургија го извади мобилниот – што се обидуваше да направи (фото)

За време на целата литургија, погреб и церемонија одржана во чест и во името на патријархот Иринеј, граѓаните на Србија имаа можностда видат мало,...

Со вградување на плин се оштетува моторот на aвтомобилот?

Со цел да се намалат средствата кои ги даваме за користење на автомобилот, често кај нас граѓаните се одлучуваат за вградување на плин во...

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...

Министерството ги сподели резултатите: Проверете дали сте добитник на парична помош за стипендиите за средношколци

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за...

Јоци: Kој сè ќе му забие ножиња на Мицкоски

Кој сè ќе му ,,забие" ножиња на Мицкоски, кој нема никаква контрола врз партијата? Амбиции има #Николоски, најблиску е до тронот, а мора...
- Advertisement -