fbpx
10.8 C
Skopje

УПАТСТВО: Како да побараат азил нашинците кои во моментов се во Германија

АКТУЕЛНО

Германија е една од најпосакуваните дестинации за бегалците од Африка, Блискиот исток, но и од Балканот. Одамна во Германија немало толку барања за азил како последните месеци, информира Дојче веле и објаснува како се тече постапката.

Оној кој како бегалец ќе дојде во Германија мора да поднесе барање за азил кај пограничните служби, полицијата или други надлежни служби. Барателите на азил потоа се проследуваат во колективните центри за привремено сместување. Распоредувањето се врши во сите германските покраини согласно бројот на населението.

Прва станица

Sponsored Links Може да ви се допадне
This game will keep you up all night!
Vikings: Free Online Game
Macedonia AC Companies Angry At This New Tiny Device
Cool Air
Assemble Your Squad and Join the Battle
Throne: Free Online Game
by Taboola
Бегалците на почеток мораат да живеат во привремени, прифатни центри. Најчесто тоа се простори оградени со жица во кои има лекари, кантина и заеднички спални соби, а центрите се под полициски надзор. На секој барател му се обезбедуваат по 6,5 квадратни метри станбен простор. Исто така, добиваат и храна, облека, вакцини и друга неопходна помош. Децата добиваат и дополнителна помош за да можат да одат и на училиште.

Во секој прифатен центар работат соработници на Сојузната служба за миграции и бегалци. Тие ги испитуваат причините поради кои личноста избегала од земјата на потекло, а во секое барање примарна треба да биде судбината на секој поединец. При сослушувањето, причините за доаѓањето мора да се соопштат усно, а присутен е и преведувач. Протоколот од разговорот го добиваат обете страни. Така се одлучува дали ќе биде отворена постапка за добивање азил.

Втора станица

По три месеци истекува обврската да се живее во прифатен центар. Тогаш барателите на азил, според строги квоти, се распоредуваат по сојузните држави. Азилантите потоа најчесто живеат во заедничко сместување со кои управуваат приватни организации или други хуманитарни организации. Во некои општини на користење се даваат и станови. Некои бегалци бараат да бидат испратени во покраини во кои живеат нивни роднини, но тоа се зема предвид само доколку се работи за брачни другари или за малолетни деца. Од почетокот на годинава бегалците можат слободно да се движат низ Германија, за разлика од порано кога бегалците смееја да се движат само во строго одредено подрачје околу местото на живеење.

Германија работи на тоа да се подобрат шансите за наоѓање работа, што досега, во принцип, не беше добро уредено. Оние кои се без работа, добиваат месечен надоместок од 352 евра, а им се плаќаат и трошоците за стан и греење. Но, и потоа постои финансиска помош за оние за кои веќе не се надлежни општините, туку сојузната држава.

Одлука

Процедурата за добивање азил во принцип не треба да трае подолго од три месеци, но таа, во просек, сепак трае значително подолго, понекогаш и повеќе од една година. Причина за тоа е големиот пораст на бројот на бегалците кои доаѓаат во Германија. Исклучок сега се бегалците од Сирија и Ирак на кои по забрзана постапка им се доделува статус на бегалец. Исто така и процедурата за бегалците за т.н. земји со сигурно потекло, како што се Србија и Македонија, во кои не постојат политички причини за заминување од земјата, треба да се забрза и целата постапка да се завршува за неколку дена.

Одлуката за барањето за азил секогаш се врачува во писмена форма. Во неа се наоѓа и објаснување и доколку е потребно, и упатство за правна помош. Доколку барањето биде прифатено, барателот потоа добива дозвола за престој на три години и право на социјална помош.

Постојат и посебни случаи за оние на кои во земјата на потекло им се заканува измачување, смртна казна или граѓанска војна- за нив важи т.н. „меѓународно право на заштита”, така да во земјата можат да останат една година, а потоа нивното барање повторно се проверува.

Доколку барањето за азил се одбие, тие лица се протеруваат од земјата. Во изминатите години во Германија имаше повеќе од 10 илјади такви случаи. Во некои случаи, и покрај одбивањето може да се остане во Германија. Доколку лицето нема пасош или доколку нема авионска линија кон неговата земја, тогаш тоа добива т.н. „толериран престој”. Исто така, доколку лицето има дете со државјанин на Германија, не може едноставно да биде исфрлено.

Во секој случај, бегалците имаат право, и откако ќе бидат одбиени, повторно да предадат барање. Но, таквото барање се обработува само во случај доколку е сменета правната ситуација (на пример промена на состојбата во земјата на потекло) или доколку се појават докази кои во првиот процес не биле достапни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -