20 C
Skopje

Уште да се самоукинеме и влагаме во ЕУ

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Во оваа прилика сакам да ги поздравам луѓето кои веруваа во тоа „уште знамето да го смениме, уште рамковниот да го направиме, уште територијална поделба преку децентрализација", па сега на крај и „уште името да го смениме и влегуваме во ЕУ“. Повторно згрешивте.

После ова, време е да заклучиме дека ниту името, ниту знамето, ниту рамковниот, ниту децентрализацијата некогаш биле причините зошто не сме прифатени во ЕУ. Вистинската причина е лошото образование, каде што во 6то одделение се учи за „пипкање“ на мозолчињата, а најдобриот Универзитет не може да се најде на шангајската листа. Вистинската причина е мизерната правда во државата, каде што „специјални“ обвинители
соработуваат со „рекетари“, а нив им судат „сваровски“ судии. Вистинската причина е уништената економија, каде што вештачки се зголеми минималната плата и 80% од директорите нема вистински да ја исплаќаат. Вистинската причина е и загадувањето, каде во грејната сезона ги имаме најзагадените градови во СВЕТОТ!!!

Европската унија не сака непотизам и популизам. ЕУ сака правна држава, силен економски приватен сектор, развиено здравство, еколошки развиено општество и слобода на говор. Европската унија бара луѓе кои ја сакаат својата држава, ќе ја водат според својата идеологија и убедување како и чистење на транзициските ликови и политичари на кои главен интерес им беа моќта и парите, а не напредокот на државата.

Се додека продолжуваме со заобиколување на реалните проблеми, тие ќе продолжат со поставување на нови услови, кои очигледно само македонскиот народ може да ги прифати.

Петар Спасовски, уредник и дел од младите конзервативци при Конзерватив МК.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -