fbpx
-4 C
Skopje

Уште едно сведоштво од ризниците на нашата маченичка црковна историја

АКТУЕЛНО

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

СДСМ и функционерите застануваат зад премиерот Зоран Заев: Бранко е историја

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи,...

Убава информација Државата од денеска започна со исплата до 11.000 денари за пензионерите

УБАВА ВЕСТ УТРОВО: Државата од денеска почна да исплаќа до 11.000 денари за сите пензионери Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за...

Заев: Нам ни треба историја која гради мост на пријателство

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги...

Историјата, таа е сведок на минатото, светлина на вистината, жив спомен, учителка на животот, весник на древноста“, напишал големиот римски оратор и философ Марк Тулиј Кикерон. Слична таква согледба за значењето на историјата имал и великанот за црковна историја, охриѓанецот академик Иван Снегаров, кога напишал дека „историјата е јасно, исправeно огледало на минатото. Таа е разнострано раскритие на народната душа. Секој којшто сака да му биде полезен на својот народ, треба да ја чита и изучува со внимание и без фантазирање, ако сака да ја разбере врската меѓу историските факти и нивната смисла“.

Фото

Токму во таа смисла, односно заради расветлување на вистината и за полза на нашата народна душа го објавуваме ова потресно сведоштво за младото богословче Ристе Кузманов Василевски, чијшто маченички крај го направил нераскинлив дел од илјадалетната историја на Бигорската Обител.

Ристе Кузманов Василевски бил роден на 19 февруари 1921 година, во славното мијачко село Гари, она истото од каде што потекнувал и генијот на мијачката резбарска школа – Петре Филипов Гарката, главниот мајстор на неповторливиот бигорски иконостас.

Како што било вообичаено во тоа време, Ристе бил роден во побожно семејство, каде се негувал силен светопреданиски православен дух. Неговиот татко Кузман со своите татко и брат биле печалбари во крајбрежниот црноморски град Варна, Бугарија. Таму Кузман, кој од Бога бил надарен со исклучителна остроумност и интелигенција, завршил трговско училиште. Во 1914 година тој стапил во брак со својата животна сопатничка Менда, која и после светото венчание останала да живее во Гари, додека, пак, Кузман патувал и престојувал во Варна за да печали за своето семејство. Но, непосредно по започнувањето на Првата светска војна, Кузман бил мобилизиран во бугарската војска и испратен на фронтот на река Црна, со должност на писар. Неколку дена пред крајот на војната бил смртно повреден со шрапнел во главата. Според Божјите неиспитливи судови, тој останал жив, но претрпел трајно оштетување на мозокот. Татко му, немоќен да обезбеди соодветна грижа за осакатениот син, бил принуден да го врати во Гари.

 

Од бракот со Менда на Кузман му се родиле три деца: Ристе, Здравка и Јован. Но со тек на времето неговото оштетувањето на мозокот се влошило до таа мера што при крајот тој станал речиси неподвижен, односно можел да ја движи само главата. Најпосле, во 1938 година, во својата 48-ма година од животот, таткото на Ристе заминал од овој свет, оставајќи ги зад себе својата сопруга и трите дечиња.

Кузман и Менда, со своите чеда Ристе и Здравка

Мајката на Ристе, Менда, била особено трудољубива и благочестива жена, целосно посветена на своето семејство. И самата задоена со цврста вера во Бога и христијански дух, во тој дух ги воспитувала и своите три деца, на кои им постанала и мајка и татко. Децата растеле во семејство, во кое сета надеж била положена единствено во Господа, а во неделите, редовно, целото семејство присуствувало на света Литургија во селската црква.

Ристе до 4-то одделение учел во родното Гари, истакнувајќи се меѓу останатите ученици со својата мудрост и желба за учење. Училишните инспектори од тогашната српска власт, при проверката на образовниот процес и наставниот кадар, барале, меѓу другото, и деца со високи интелектуални способности, за да би можеле од нив да создадат просрпски настроена интелигенција во македонската земја, која тогаш неправедно била нарекувана јужна српска бановина. Увидувајќи ги во една прилика постигнатите училишни резултати и способности на Ристе, инспекторите одлучиле тој да продолжи со школувањето во една од охридските гимназии. И покрај тоа што условите за живот биле многу тешки, големата љубов кон науката секогаш победувала, така што Ристе и во гимназијата бил меѓу првите во генерацијата.

Ристе како ученик во Охрид

Во август 1935 година, дошло известување дека Ристе, односно тогаш веќе Риста Кузманов Василевиќ, бил примен за редовен ученик во богословската Семинарија во Битола. Тоа било големо олеснување за неговото семејство, затоа што учењето било бесплатно, а Ристе бил сместен во дом, во рамките на самата  Богословија.

 

Ситен по раст, но со висока интелигенција и разборитост, трудољубив и пожртвуван, со високо развиено чувство за хумор, Ристе набргу станал омилен  меѓу своите соученици и професори.

Ристе како студент

Годините во богословијата врвеле, а Ристе и таму бил меѓу најдобрите ученици. Во тоа време негови соученици биле и идните наши познати теолози и професори, Борис Бошковски и Петар Илиевски. Зимскиот распуст од тековната учебна година (1939), Ристе го поминувал во своето родно село Гари.

Меѓутоа, само ден пред крајот на распустот, кај него дома дошол тогашниот парохиски свештеник, отец Стојан и им предал писмо од Богословијата, во кое било наведена одлуката за исклучување на Ристе од ова училиште, проследена со забрана за запишување во било кое друго училиште. По доживеаниот шок заради оваа неаргументирана постапка, Ристе најпосле нашол во себе сили да се соземе и веќе следниот ден заминал за Дебар, а оттаму за Битола, цврсто решен да ги дознае причините за своето исклучување. По десетина дена на својата мајка и испратил писмо во кое ги навел вистинските околности што довеле до неговата неочекувана забрана за понатамошно школување. Имено, во средината на месец декември, во Богословијата пристигнало писмо од Стојче Цветков, прв братучед на Ристе, кој со своите родители живеел во Велико Трново, Бугарија. Стојче бил прилично разгалено и палаво дете на возраст од 15 години. Тој во своето писмо непромислено спомнал дека во следната прилика кога ќе се види со Ристе во Гари, за време на празниците, ќе донесе пиштол со кој ќе пукаат низ шумата и ќе им биде многу весело. Со оглед на тоа што во Семинаријата биле цензурирани сите писма на учениците, училишните власти ја дознале содржината и на ова писмо. Следело претрес на личните работите на Ристе, меѓу кои биле пронајдени и неколку црковни богослужбени книги, изданија на светата Бугарска егзархија. Тоа било пресудно за понатамошниот тек на животниот пат на младиот Ристе.

Семинаристите во Битолската богословија со патријархот Варнава. Ристе е во предниот ред десно, најниското дете

 

Не сакајќи да се врати во Гари, поради срам и грижа на совест што бил исклучен од Семинаријата, Ристе заминал во Скопје и се вработил во тутунскиот комбинат. Негово духовно прибежиште и утеха бил единствено храмот на Св. Вмч. Димитриј, каде тој речиси секојдневно присуствувал и се усрдно се молел на светите богослуженија. Во една прилика таму се сретнал со еден поранешен семинарист на Богословијата, кој му предложил да замине во Бигорскиот Манастир и да побара да биде примен како послушник, со цел да ја врати изгубената доверба кај српските власти и така да добие дозвола да ја дозаврши Богословијата во Битола.

 

Ристе го примил советот и заминал во Бигорски Манастир, каде што бил прифатен како послушник. Мајка му Менда речиси секоја недела одела да го посети со својот помал син Јован. Тогашниот намесник на Манастирот, свештеникот Атанасије Николиќ (поп Ташко) често пати одвојувал време да поразговара со неа и да ѝ каже дека Ристе ќе биде награден за своето послушание и поведение.

 

Во септември, на славата на Манастирот, Усекновение на чесната глава на Свети Јован Претеча и Крстител, била поканета и мајката на Ристе, бидејќи било најавено и доаѓањето на тогашниот српски митрополит Охридско-битолски Платон, така што требало да се разгледа и прашањето за Ристе. Кога Менда влегла кај владиката Платон да го помоли за своето чедо, тој само ладнокрвно ѝ рекол:  „Госпоѓо, твој син не може два цара да вара“. Оваа изјава како конечно да го запечатила животното течение на Ристе.

Само десетина дена после славата, во Гари пристигнала телеграма со известување дека Ристе се удавил во рибникот на Манастирот и притоа се повикува мајката Менда да дојде да го земе неговото тело.

Трагедијата и скрбта биле огромни за семејството и за целото Гари, но животот морал да продолжи.

 

По извесен период, двајца овчари, кои по Божја промисла биле очевидци на настанот, ѝ раскажале на Менда што, всушност, се случило со нејзиниот син. Двајцата овчари биле од село Ростуше и со Ристе лично се познавале. Вистината била ваква: Ристе и уште едно момче од Манастирот околу пладне влегле во рибникот да се капат, после  што веднаш започнала огнена стрелба од страна на дрвјата и грмушките. Едното момче успеало да излезе од водата и да избега, а Ристе не успеал, затоа што пукотниците кон него не престанале, сѐ додека тој не се удавил. По неколку месеци во домот на Василеви стигнало писмо од момчето што било учесник во несреќната смрт на Ристе. Тоа момче, по потекло од Хрватска, во своето писмо, всушност, барало прошка, бидејќи свесно учествувал во заверата и злосторството кон Ристе, а за тоа му било ветено дека ќе биде ракоположено за свештеник. Меѓутоа, српските власти не си го одржале ветувањето и неговата совест почнала силно да го измачува, така што тој накрај ја признал својата вина.

Бог, милосрдниот и праведен Судија, нека ја упокои душата на Своето чедо Ристе, и на сите во тоа време неправедно убиени синови на Македонија, во  Своите рајски обиталшта, и нека им го направи споменот вечен, и на небото и на земјата!

 

Запишано според кажувањето на г. Јован Василевскибрат на Ристе, и на г-ѓа Ката Петковска, внука од сестра му на Ристе, Здравка. Фотографиите се од семејната архива на Василевци.

Извор: bigorski.org.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Писмo од Тито: Потврдувaaдека Бугарија учествувала во ослободувањето на Македонија

Во текст објавен на 360 степени се пренесуваат дел од писмата на Јосип Броз Тито кои тој во 1944 година ги испраќал до неговите...

Васко Ефтов: Заев успеа да се справи и со Црвенковски и со Груевски, Бранко тоа не може да го поднесе

Еден од најискусните македонски новинари Васко Ефтов во сојата најнова емисија вели дека луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот тој работат за...

Од СДСМ се огласија за протестот: Едвај 200 луѓе го поддржаа Мицкоски

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Пајка: Најлогично решение за претседател на ВМРО-ДПМНЕ е Бранко Црвенковски

По замрзнувањето на членството на Бранко Црвенкоски во СДСМ и големите турбуленции во ДПМНЕ најлогично решение за претседател на ДПМНЕ ВАЉЕВО е токму...
- Advertisement -