fbpx
2 C
Skopje

Утре од почеток почнува судењето за масакрот кај Смилковското езеро

АКТУЕЛНО

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината ќе ве изненади

За секој проблем постои решение – би рекле многумина, и навистина е така барем кога станува збор за варењето јајца и неговото лупење. Се...

Утре во кривичниот суд во Скопје на обвинителна клупа повторно треба да седнат обвинетите во случајот „Монструм“. Ним од почеток ќе им се суди за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година, кај Смилковското езеро, во кое беа убиени 4 момчиња и 1 рибар.

Предметот кој почнува од почеток ќе го суди судијата Огнен Ставрев. Врховниот суд откако утврди серија пропусти во водењето на постапките, ги укина пресудите и предметот го врати од почеток по барање на Вишото јавно обвинителство.

Највисокиот суд потоа ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1.

Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово.

Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција, бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази кои укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

Сè уште не e познато кој обвинител ќе го застапува обвинението. Предметот го застапуваше обвинителката Гордана Гешкоска, заменичката на Марко Зврлевски, која тврдеше дека сè било направено законски и врз основа на докази. Новиот обвинител во предметот можно е да направи измени на обвинението.

Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, кој ја водеше истрагата, лани изјави дека предметот му бил даден дури 20 дена по крвавиот настан. Истрагата тогаш беше по стариот Закон за кривичната постапка и барањето докази го водеше полицијата, а не обвинителот. И специјалното јавно обвинителство пред 2 години отвори предистрага за случајот „Монструм“, но досега нема информации како напредува предистражната постапка.
Извор: А1on.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Декември ќе биде многу среќен за овие три хороскопски знаци: Розите ќе цветаат во име на љубовта

Среќата ќе ги придружува и во следната година во која тие ќе фантазираат, ќе визуелизираат и ќе размислуваат позитивно, а тоа пак ќе отвори...

Апасиев ја прифати поканата: Генерале, спремај турско кафе, превриено, без шеќер

Професоре Апасиев, благодарам на брзиот одговор. Кафето ќе го спремам лично јас. Турско. Превриено. Без шеќер. На 19 ноември го замолив @shlapatalo (Борче Стаменов, скромен дечко...

Венко ги објави резултатите: 40 % од тестираните се позитивни

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49,...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...
- Advertisement -