fbpx
-2 C
Skopje

Утре почнуваат Богородичните пости – што смее да се јаде и кое е значењето на овој пост

АКТУЕЛНО

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

По барањата за воведување рестриктивни мерки, се огласи и Филипче: Не е исклучена можноста за воведување на рестриктивни мерки идната недела

Засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки, но можноста за такво нешто не е исклучена, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Како што...

„За разлика од она што повеќето мислат и чувствуваат, периодот на духовната напрегнатост, Богородичниот пост, е време на радост, затоа што тоа е време кога се враќаме дома, време кога можеме да оживееме. Успенскиот пост треба да биде време, кога од себе го истресуваме она што во нас остарело и омртвело, за да стекнеме способност да живееме – да живееме со потполниот простор, со потполната длабочина и интензивност, кон кои сме повикани.

Сè додека овој момент е недостапен и неразбирлив за нас, во нас ќе се случува чудовишна и богохулна пародија; божем во име Божјо, сопствениот живот ќе го претвориме во постојано мачење за самите себе и за оние што ќе треба да плаќаат заради нашите бесплодни обиди да станеме свети“ (митрополит Антониј Сурошски).

Богородичниот (или Успенскиот) пост се смета за есенски пост и, навистина, тој ја отвора вратата на новото годишно време, а ја завршува црковната година: 14 септември, по нов стил, е црковната нова година.

Овој пост има потекло од древните времиња на Христијанството. Јасно укажување за Успенскиот пост наоѓаме кај Лав Велики, околу 450 година: „Црковните пости се поставени во годината, така што се припишува особено воздржание за секое време. Така, за пролетта има пролетен пост – 40-те дена на Великиот пост; за летото има летен пост (Апостолскиот); за есента има есенски пост, во седмиот месец (Успенскиот); за зимата има зимски пост (Божикниот)“.

Успенскиот пост е единствениот, посветен на Богородица: започнува две седмици пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Богородичниот пост е речиси исто така строг, како и Великиот пост: од понеделник до петок е строг пост, во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение Господово (19 август). Постот започнува на 14 август и завршува со 27 август, навечерието на празникот Успение. На самиот празник, 28 август, се блажи, освен ако празникот не падне во среда или петок, и во тој случај постот е олеснет со употреба на риба.

Сè до празникот Преображение Господово, кога во црквите се благословуваат грозјето и јаболката, Црквата пропишува да се воздржуваме од овие овошја; особено оваа традиција е запазена по однос на грозјето. Според преданието на светите отци, „ако некој од браќата јаде грозје пред празникот (Преображение), тогаш нека му биде забрането, заради послушание, да вкусува од грозјето за време на целиот месец август“.

Празникот Успение (Голема Богородица), кон кој нè подготвува Богородичниот пост, е еден од најнеочекуваните за световното поимање празници: што е тоа што се празнува? Зар е можно да се празнува смртта?! Но, словенскиот збор успение значи сон. Смислата на празникот Успение е во тоа што веќе не постои онаа смрт, која го очекувала секого до Воскресението Христово, повеќе нема жалење за смртта, нема страв пред неа.

Апостолот Павле, воспевајќи ја победата со зборовите на древниот пророк: Смрт, каде ти е осилото? Аду, каде ти е победата?, вели: за мене живот е Христос, а смртта – придобивка (Филип 1,21). Пресвета Богородица и по заминувањето од земниот живот не го остава светот: „Во раѓањето си го зачувала девството, во успението не си го оставила светот, Богородице…“ – напомнува црковната песна.

Според црковното предание, Богородица дознала за своето преминување од овој свет и се подготвувала за тој премин со пост и засилена молитва, иако самата и немала потреба од очистување на душата или исправување – целиот Нејзин живот бил образ на светост и жртвеност. Православните постат и го подражаваат подвигот на Пресвета Богородица, сакајќи макар делумно да се уподобат на Нејзината чистота, восхвалувајќи ја Неа.

Во Црквата специјално се нагласува дека постот кардинално се разликува од вегетаријанството или обичната диета: постот, пред сè, е воздржување заради Христа – како во телесни задоволства, така и во душевни разоноди. Верните со помош Божја се трудат да победат одредени свои недостатоци, да го повратат мирот и согласноста во односите со ближните, онаму каде што тие се нарушени.

Извор: Мистагогија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Неделен хороскоп: Љубовен занос за овој знак, а овој знак ќе добие голема материјална добивка

Овен 21.3-20.4. Љубов: Во никој случај не можете да го достигнете она кон што се стремите во љубовта, но барем немојте да се борите со...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Земјотрес во Македонија – ноќеска се тресеа овие градови во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката...

И докторите заплакале: Оваа потресна фотографија крие приказна која никогаш нема да ја заборавите

Брачниот пар Дон (84) и Маргарет (80) биле во брак 59 години, тие во август оваа година починаа заедно држејќи се за рака. На вработените...

По Задушница доаѓа големиот празник: Што треба да направи секој верник?

Прочка, кој доаѓа по Задушница, претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Празникот Прочка или Велики...
- Advertisement -