fbpx
3 C
Skopje

Утрово од 7 до 9 часот пет нови земјотреси во Албанија – кои се новите прогнози

АКТУЕЛНО

Никако да се смири тлото на Албанија, каде утрово од седум до девет часот се регистрирани уште пет нови земјотреси.

Нешто пред осум часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени, а само половина час подоцна и земјотрес со 4,3 степени според Рихтер.

Покрај овие два земјотреси, регистрирани се уште три помали потреси во периодот од 7 до 9 часот. Од утрото на 26 ноември, кога се случи силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени, до денес се регистрирани 1,376 потреси.

До овој момент од земјотресот има 51 жртва, над 2.000 луѓе се повредени, а уште десетина се наоѓаат во тешка здравствена состојба.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -