fbpx
7 C
Skopje

Анализа: Ќе ја добие ли ЕУ политичката битка со КОВИД-19?

АКТУЕЛНО

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Вакцината за КОВИД-19 ќе го донесе новиот политички победник во светот. Зошто политички, а не само научен?  

Затоа што политиката претставува суштествен поим со чија помош се реализираат различните општествени процеси круцијални за луѓето во една заедница на локално, национално и на меѓународно ниво. Таа претставува носечка активност со која луѓето се групираат, настојуваат да ги остварат парцијалните и колективните замисли. Исто така политиката како активност може да се анализира и од аспект во смисла на темата на која се однесува истата: здравствена, научна, образовна, социјална, младинска политика, итн.

Токму поради овие причини, победникот на ниво на наука и истражување ќе биде и политички победник во периодот пост-кризата. Главната битка ќе биде меѓу ЕУ и САД. Да ја погледнеме статистиката од светот за вакцините:

1.Европа е глобален лидер во производство и истражување за вакцини!

Вакцините заедно со антибиотиците се можеби двете најзначајни откритија во медицината. Дури 76% од истражувањата и производството на вакцини се реализираат во Европа! Потоа следи Северна Америка со 13%, Азија со 8% и остатокот од светот со 3%. Секоја година 1,7 милијарди вакцини се произведуваат во Европа. Овие вакцини се користат за имунизација на населението ширум светот со цел штитење од заразните болести. Vaccines Europe е глобален играч кој е одговорен за ¾ од производство на вакцини низ светот.

2.Европската индустрија за вакцини: лидер во полето на истражување и развој.

Статистиката на Европската комисија (European Commission industry scorecard) покажува дека индустријата за вакцинирање е лидер во полето на иновативна индустрија. Со толку голем интензитет на истражување и развој, Европа е светски лидер во истражување како и производство на вакцини.

3.Индустријата за вакцинирање има значаен придонес во економијата на ЕУ, создавајќи 122.000 работни места (директно и индиректно). 

На следниот график е претставено влијанието на индустријата за вакцини врз економијата преку креирање на работни места. Податоците се земени од 2019 PWC Report: Економски и социјален отпечаток на фармацевтската индустрија во Европа.

ЗАКЛУЧОК: Кризата донесе големи политички ескалации. Европската унија не се покажа најдобро на план на солидарност (доцни мерки) ниту пак на план за изнаоѓање заедничко и „европско“ решение за кризата. По 14 часовни маратонски разговори, Еврогрупата (Eurogroup) заврши без договор. Не успеаа да најдат заеднчки јазик и решение за економските мерки за коронавирусот. Ситуацијата во Италија станува тензична, а бројот на жртви од пандемијата расте. Пандемијата се проширува со огромни размери. Доколку САД под водство на Трамп успее да ја добие битката со вакцина, тогаш ЕУ ќе биде поразена на свој терен и во поле каде што доминира. Но, доколку ЕУ успее да ја добие битката со вакцината, ќе ја добие и војната. Едноставо, ЕУ ќе биде најголем победник.

Пишува: Стефан Василевски, дипломиран лекар по општа медицина и управител на Конзерватив МК Conservative.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Захариева: Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захериева, за БНТ денеска изјави дека недопусливо е тоа што во Македонија во 21 век не се...

Скоро 8000 слободни работни места имало во четвртиот квартал од 2020, најмногу во преработувачката индустрија

Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во овој квартал...

Ковид пасошите ќе станат реалност побрзо од што мислиме: Европската комисија веќе има датум

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер лајен, открила дека предлогот за ковид-пасоши ќе се најде на маса веќе во март. Европската комисија ќе претстави...

Кина ни го врати капарот за вакцините, властите уверуваат – наскоро ќе дојдат

Во најкус можен рок, е одговорот на Министерството за здравство на прашањето кога ќе стигнат вакцините од кинескиот производител „Синофарм“, откако Македонија си ги...
- Advertisement -