19 C
Skopje

Вакво нешто не се очекуваше: Кривична пријава против судија од Управен суд

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд во Скопје достави oбвинителен акт против судија на Управен суд за кој има сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, пренесува МКД.мк

Обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат преземал дејства и ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во оставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958,49 м2. Воедно, иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација.

Во меѓувреме обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација, за кој обвинетиот претходно постапувал како адвокат.

Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот. Од 10 септември 2018 година до 24 јануари 2019 година обвинетиот, како службено лице судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата. Тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите.

Иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејства во предметот оневозможил Државното правобранителство на РСМ, како заинтересирано лице, да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на РСМ.

Целиот текст на МКД.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето“

Охрид од вечерва до 30 август ги живее своите 28 дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“. Со познати арии во изведба на...

СЗО ја повика Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19

Светската здравствена организација ја повика денеска Русија да ги следи меѓународните насоки во производството на вакцина против ковид-19, откако оваа земја рече дека ќе...
- Advertisement -