fbpx
30.8 C
Skopje

Вардар изненаден од Мешков Брест

АКТУЕЛНО

Ракометарите на Вардар не ја искористија првата шанса за потврдување на лидерската позиција во групата Б, во групната фаза од Лигата на Шампионите, откако беа поразени на гостувањето кај Мешков Брест со 30:26.

Домаќинот на оваа средба настапи без Атман, Тујменцев и Џамали, но и покрај тоа одиграа еден маестарлен дуел, кој на крајот и повеќе од заслужено го добија.

Вардар започна подобро, па имаше позитива во воведот од средбата. За последен пат тоа беше при 10:11, по што домаќинот направи серија од 5:2 и на одмор се замина со 15:13.

Во вториот дел продолжи бледата игра на „црвено-црните“, особено во одбраната каде немаше одговор за расположениот противник. Најрасположени кај избраниците на Раул Гонзалез беа Чупиќ и Карачиќ со по 5 постигнати голови, еден помалку имаше Дибиров. Кај домаќинот Остроушко и Криштопанс реализираа по 7 погодоци, додека на голот одличен беше Пешиќ со 7 интервенции.

Вардар во последното коло со победа на домашен терен против Кристијанштад ќе го потврди првото место во групата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -