fbpx
15 C
Skopje

Васко Ефтов: Ако Љубчо се вратеше во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски денес ќе беше премиер на Македонија

АКТУЕЛНО

Еден од најпопуларните имиња во новинарскиот свет во С. Македонија Васко Ефтов во својата најнова емисија објавена на Јутјуб прави одлична анализа на политичките случувања во државата. Насловот на емисијата е: Дали Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски се пресметуваат преку Заев и Мицкоски?

Тој во својата емисија вели дека СДСМ почнало да наликува на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Љубчо, а ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ од времето на Бранко.

СДСМ била секогаш стожер на инспирација. Црпеле инспирација од Блаже Коневски, иако едвај ја реновираа неговата куќа. Црпеа инспирација од Михајло Апостолски и Блаже Коневски. Тоа беа стожерите на СДСМ и левата опција. СДСМ градел генерации на победата во втората светска војна, на победата над бугарскиот фашистички окупатор и на победата врз балистите. Овој СДСМ се откажува и од победата во втората светска војна, и од победата врз бугарскиот фашистички окупатор и од победата врз албанските балисти. Овој СДСМ не личи на историскиот СДСМ. Заев направи СДСМ кој не личи на СДСМ, вели Ефтов.

Во емисијата Ефтов вели дека двете македонски партии се обезличени и дека ја немаат својата автентична идеологија.

Зоран Заев е атипичен сдсмовец. Тој е прв лидер на СДСМ кој не потекнува од Правниот Факултет или од структурата на Електротехничкиот Факултет. Тој има пиарска политика, се пазари со сите, глуми Петре прличко пред сите и постигнува успеси, но тоа не е СДСМ. Всушност тој на ниво на Македонија сака да го инсталира својот струмички модел. Тој сака да има структура на Мицкоски, да има Мериот структура, и преку пиарска политика да направи конфликт со што СДСМ би добил уште повеќе изборни циклуси.

Зборувајќи за Мицкоски, Ефтов вели Бранко Црвенковски му помага на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Бранко е Монт Еверест за Мицкоски и дека тој со изборот на нов генерален секретар во името на Сајкоски покажува дека нема капацитет да прави пријателства.

Мицкоски е исплашен, нему му е побитно да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ отколку да победи на изборите, тој прави берлински ѕид околу Белата палата. Христијан Мицкоски нема сила да расчисти со минатото, седи исплашен во таа Бела Палата, прави одредени маршовци кои се судираат како мува во пенџере или прозор. Води политика, купи ден, продај. Никогаш таква политика немало во ВМРО-ДПМНЕ. Ова ВМРО не личи на ВМРО на Љубчо Георгиевски. Тој тотално го обезличи ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето во Палатата не му веруваат. Можеби ќе остане на чело на партијата, но таа партија ќе тргне на политичко детонизирање и распарчување. Ова ќе биде партија од која самите вмровци ќе се срамат, вели Ефтов.

Зборувајќи за постапките на Заев тој вели: Тој почнува да апси и таму каде што треба и таму каде што не треба. Тој дух на омраза нема да се задоволи со апсење на Гордана Јанкуловска. Жолтиот печат се дефинира на следниот начин. Прво му давате прст, па му давате пола рака, па му давате цела рака, па му давате рака до рамо. Тоа е македонско јавно мислење. Јавното мислење е научено да мрази. Сака апсења, сака да гледа kрв. Таа стратегија нема правда, нема мир ќе го уништи СДСМ. Или ќе водат политика на партија која прави пријатели, а не непријатели или ќе заврши како Никола Груевски. Но да се вратиме на Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски. Тоа се две страни на една иста паричка, петок и сабота, тотално различни, ако едниот сакаше грав, другиот сакаше зелка. Бранко е стреотипен политичар. За разлика од него Љубчо е визионер, човек кој сака да ризикува, кој сака да решава проблеми. Бранко имаше проблем да ги решава проблемите, а Љубчо имаше еден таков талент за визионерство и плус сакаше да ги решава проблемите. Тие разлики кои постојат меѓу нив сега постојат меѓу Мицкоски и Заев. Мицкоски не може да повлече потези, несигурен е во таа кожа. За разлика од него Заев решава проблеми. Уште од времето на Бранко тој сакаше да решава проблеми. Бранко Црвенковски никогаш не го сакал Зоран Заев, но Заев излезе победник од тој конфликт со Црвенковски.

Реформи ВМРО ДПМНЕ

Во емисијата Ефтов кажа дека Љубчо Георгиевски бил голем визионер кој можел да го реши историското прашање со името во 2001 година. Ако СДСМ само молчеше во 2001 година ќе го решевме проблемот со името, велеше Георгиевски. Тоа покажува дека тој како политичар сака да ги решава проблемите, а не да ги става под тепих проблемите. Тој вели дека Заев ги решил сите проблеми кои тој сакал да ги реши, а не можел поради опструкциите од страна на Црвенковски.

Ефтов вели дека Црвенковски бил пресилен во 2006 година за да му дозволи на Бучковски да ги реши проблемите со Бугарија и Грција. Според Ефотв ако Љубчо Георгиески се врател во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе победел на изборите.

Љубчо Георгиевски сакаше да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, тој сакаше да се врати во ВМРО. Ако Мицкоски го вратеше тој ќе победеше на изборите. Мицкоски за тоа ќе стане свесен после 6 месеци бидејќи толку многу време му треба да го разбере тоа. Ако сега враќа одредени луѓе во ВМРО-ДПМНЕ, а не го правеше тоа пред 6 месеци, тоа покажува дека Мицкоски и да слушне добар политички совет му требаат 69 месеци за да може да го свари и да го разбере. Ако Љубчо се вратеше во ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес беше премиер на Република Македонија. Наместо тоа тој се спои со Бранко Црвенковски, вели Ефтов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -