fbpx
7 C
Skopje

Ефтов до ВМРО-ДПМНЕ: Мислите дека америkанците се глупи и ништо не гледаат што правите, вие мора да се дистанцирате од Груевски ако сакате да се вратите на власт

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Прочитајте ПОВЕЌЕ во продолжение

Тој дел што ќе остане од ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се одземат гласовите кои ќе завршат на контото на Левица, ќе се дели на два дела, едни кои сакаат континуитет со груевизмот, другите кои сакаат дисконтинуитет со груевизмот. Едната ќе гледа кон Москва, Белград, другата кон западна Европа и кон онаа политика на Џо Бајден која доаѓа на главна сцена во американската политика.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се подели на два дела. Според Васко Ефтов СДСМ односно Заев ќе сака да елиминира одредени политички ликови односно со крилото на Бранко Црвенковски.

Никола Тодоров на судско роичиште ја пушти болвата. 2017 година настаните на 27 април ја спречиле широката Влада на Република Македонија. Сите од СДСМ се дистанцираа од таа идеја. За таа идеја не е разговарано со нив, туку со меѓународниот фактор за решение на политичката криза во државата. Многу несмасно Заев ја отфрли таа идеја, а таа идеја ќе стане многу релевантна во наредниот период. Една структура на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат во неформална коалиција, без турбуленции. Ако Тодоров вели дека биле на чекор до широка Влада и настаните од 27 април го спречиле тој проект, а Заев вели дека не преговарал за таа Влада, тоа значи дека тој игра на картата на Христијан Мицкоски. Тој го пушта Тодоров низ вода, ја пушта Мериот коалицијата низ вода и игра на картата на Христијан Мицкоски бидејќи него може да го контролира преку Орце Камчев, вели Васко ЕФтов.

Се додека ги потценувате големите играчи како Русија, Америка, Велика Британија ќе ни се случуваат каранболи во Македонија. Тие луѓе не гледаат од високо, ни прават рендген снимка, а ние се правиме Тито, можеме да ги зафркнеме сите, а тоа нема да може да се случи ниту пак ќе се случи во наредниот период. Тие што мислат дека ќе си играат со овие играчи, нема да јаде гулаш во Будимпешта, туку ќе јаде руска салата во Русија.

Според Васко Ефтов Даштевски сменил шест партии и бил прв човек на агенцијата за дискриминација која му дава алиби на Груевски да побегне во Будимпешта.

Го носите овој човек кој смени шест партии како избор во ДИК, со оваа екипа на Џо Бајден, вие всушност се зафракавате дека можете да и брцнете на оваа екипа во око. Вие мислите дека можете да правите по ваше, но ако од овој 27 април се спасивте, при нов 27 април нема да може да се пазарите. Оваа екипа доаѓа на власт да ги разреши сите работи кои останаа нерешени. Вие можевте и сопругата на Никола Груевски да ја номинирате, или Михајло Маневски да го извадите од нафталин и да го предложите како ваш избор за во ДИК. На крај ќе разберете дека сум бил во право, ако сака ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт во Македонија мора да направи дисконтинуитет во партијата, се дотогаш нема да може да се вратите на власт.

Нас ни се одмилени и Русија и Америка, бидејќи нивните играчи во Македонија се неомилени во Македонија. Тие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја нашата енергија да се спротиставиме на промена на името си ги спасија своите газови, не се во затвор, туку се во Будимпешта или на некоја друга дестинација. Сега сме искористени од оваа мала група на ајдуци, а сега се големи фактори, добија тендери од власта, се дел од владината коалиција, ние им дадовме алиби да ни се смеат во лице и да ни кажуваат што треба да правиме. Сега би се размислил дали би ја промовирал таа кампања за бојкот. Би промовирал кампања да се гласа против промена на името. Ние бевме искористени од таа кампања за одредени луѓе да не завршат во затвор, додава Ефтов.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -