14 C
Skopje

Васко Ефтов со анализа за договорот меѓу Србија и Косово: На Вучиќ му е овозможено да се прикаже како победник на преговорите во Вашингтон

АКТУЕЛНО

Иако Вучиќ вели дека не е потпишан договор меѓу Приштина и Белград, американските официјални лица од Белата куќа рекоа дека тоа е билатерален договор и дека американците тука се само гаранти на тој договор. Сите ја видовте таа фотографија на која Вучиќ седи на столче, а од другата страна Трамп како професор или учител го испрашува по Вучиќ.

Како функционира американската дипломатија? Преку овој пример, преку ова што се случува во Црна Гора видовме како функционира таа дипломатија. Се пушта спин, во таа точка 10. од нив се бара признавање на Република Косово и признавање на Република Србија. Американците им одобролуват на србите, таа точка 10 е избришана од тој договор, со тоа му овозможуваат на Вучиќ дека е победник на преговорите во Вашингтон. Потоа ги оставаат да се оладат, а клучниот момент е потпишувањето на историскиот договор, за индиректно признавање на Косово. Има две клучни поенти тој договор, а како гарант се појавува американската администрација. Безусловен влез на Косово во мини-шенген. Таму не членуваат региони, таму не е метохија, шумадија и слично. Таму ќе биде членка Република Косово како држава.

Со овој договор Белград индиректно ја признава независноста на Косово.

Според Васко Ефтов Вучиќ морал да капитулира после се што направил на балканскиот полуостров.

Српскиот претседател по потпишувањето на договорот истакна дека е постигнат билатерален договор со Соединетите Американски Држави (САД), а не трилатерален договор, што е многу важно за Србија бидејќи, како што рече, тоа значи дека Приштина не се споменува како субјект на меѓународното право.

Во изјавата за медиумите по потпишувањето на договорот во Белата куќа, Вучиќ нагласи дека нема точка десет во текстот на договорот, која предвидуваше реципрочно признавање. Тој рече дека Србија со САД потпишала 16 договори, како и Косово, но дека сите договори не се исти.

„Само за Србија е предвидено отворање на канцеларија на Фондот за развој на САД во Белград, а тоа го нема за Приштина или за кој било друг во регионот“, истакна Вучиќ.

Видеото од најновата емисија на Васко Ефтов можете да го погледнете ТУКА

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...

Бројките се повторно страшни: За последните 24 часа од 1524 тестови, позитивни на Ковид-19 во земјата се дури 404 случаи

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 172, Куманово 15, Дебар 4, Штип 8,...

Васко Ефтов: Што не можел да направи Дурловски, а го зборувал? – дали поради ова Дурло го врати мандатот?

Веќе втор носител, од вкупно шест носители на изборните листи на ВМРО ДПМНЕ, си поднесе оставка во последните два месеци. Вчера, носителот на изборната листа...

ТАЖНА ВЕСТ Еден од најпопуларните политичари почина: Амди почивај во мир

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Фокус доби потврда од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат. Амди Бајрам пред само 6 дена...
- Advertisement -