7 C
Skopje

Васко Ефтов: Тие што пуkаa во државата сега се главни

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

Васко Ефтов: Во Македонија власта ги казнува само лојалните граѓани

Македонија води негативна селекција, а држава која е изградена врз негативна селекција на кадрите не може да направи ништо позитивно. Таа негативна селекција развива чуство на илузија дека периферните слоеви на општеството се главни, а таа структура која во секоја држава треба да биде столбот се турка на маргините.

Држава која е формирана врз темелите на транзицијата не може да функционира поинаку освен килаво. Со килави вредносни системи. Тие што беа криминалци, што шверцуваа нафта во Србија, што ги носеа фирмите во стечај за да ги купат за едно евро, сега одлучуваат која партија ќе дојде на власт.

Нивните деца се сега градоначалници или министри, а децата на лојалните граѓани кои остана без работа и без здравје во транзицијата сега мора со бугарски пасоши да работат на крузери во странство.

Се заборави на тие луѓе, како што се заборави на бранителите. Тие што пукаа во државата се сега главни. Тие што ја крадеа државата се сега главни. Тие што го сменија со правење или неправење името се сега главни. Со нив само Македонија ќе биде и ќе остане споредна.

Слично ќе се случи и со пандемијата со корона вирусот. Тие што ги почитуваа мерките ќе бидат повторно пуштени низ вода, но затоа главни ќе бидат тие што веруваат во чипирање, во 5Г, дека од вакцините светот ќе се намали од осум на една милијарда жители. На тој начин Македонија влегува во еден маѓепсан круг каде лажните вести ќе го креираат јавното мислење.

На една страна ќе бидат медиокритетите кои се 30 години на власт, а на другата страна ќе бидат лажните вести. Во средината ќе биде Македонија. Медиокритетите ќе ги поддржува Калето, лажните вести Москва. И тука не може да се очекува ништо добро за државата.

Пандов раскажува како излегол во пресрет на момчиња од Авганистан – прочитај повеќе содржини

Вечерва на пат накај дома, кога тргнав да ја преминувам железничката пруга, која патем речено е на дваесетина метри од мојот дом, слушам во темнината превртување на камења предизвикани од човечки чекори по пругите, како збрзано се приближуваат кон мене. Во дел од секунда помислив, да не се гавазите заеви со боксирачи и шипки, но во истиот момент ја отфрлив таа опција свесен дека би избрале подобра ситуација да се тепаат со мене од насред пруги. Крадци, повторно си велам не се, железничка пруга е, што мајка бараат па и они на неа. Во истиот момент кога сфаќам дека се мигранти, од темницата слушам машки глас: Wi Fi, Wi Fi! Јас на тоа одговарам: Of course!

Како и што можете да видите од сликата подоле беа две момчиња, од Авганистан. Припаѓале на племето Паштуни. Им велам, јас сум Александар од Македонија. И нормално како што не дал Господ нас Македонците ги поканив во мојот двор каде заедно седнавме. Веднаш им ја внесов лозинката од мојата интернет мрежа, а дополнителните батерии ги ставивме на полнење. Додека тие зборуваа на нивните телефони, набрзина им направив сендвичи од крајчињата на лебот со путер, парче сирење и патлиџан. Им дадов по една флаша вода и неколку јаболка. Додека јадеа ми кажаа дека се изгубиле со групата, па интернетот им бил неопходен за да можат да се слушнат и најдат со останатите.

Насмеани thank you, thank you, мислам сто пати ми рекоа. На заминување се поздравивме и покрај искажаната желба за среќен пат од моја страна, јас им велам: Ви ,,завидувам” и на двајцата што вие дојдени од Авганистан ќе влезете побрзо во Европа, од нас тука кои живееме во Македонија, која што као се наоѓа географски во Европа. За момент зачудено ме погледнаа, но веќе во наредниот повторно на нивните лица се врати насмевка и поглед полн надежи за подобар и посреќен живот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -